Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје има чест и задоволство да Ве покани на одбележувањето на патрониот и државен празник – 8 Декември, посветен на Свети Климент Охридски, како и на Единаесеттата научна средба на тема:
„Силината на словото“ на Свети Климент и македонското историско, културно и духовно наследство.
Настанот ќе се одржи на 6 декември 2024 година (петок), во просториите на Националната и универзитетска библиотека, со следната агенда:
• 11.00 часот – Свечено одбележување на празникот
• 12.00 часот – Почеток на научната средба
Ве очекуваме да го споделиме овој значаен ден посветен на ликот и делото на Свети Климент Охридски – учител, просветител и темел на писменоста и духовноста на македонскиот народ.