Корисниците имаат право да го користат библиотечниот материјал од општиот фонд само во просториите на Библиотеката и тоа во: општите читалници, Универзитетската читалница и индивидуалните читалници.
Барањата за користење на библиотечниот материјал се даваат на библиотекарите од Централниот пулт за зајмување или во Универзитетската читалница на посебни задолженија. Зајмувањето може да се врши и по електронски пат преку апликацијата „Моја библиотека“.
На задолжението читливо се внесуват податоците за корисникот (име, презиме, број на корисничка карта), за публикацијата што се зајмува (автор, наслов, сигнатура) и за датумот на зајмувањето. За секоја публикација се пополнува посебно задолжение. Доколку една публикација е во повеќе томови, тоа се наведува во задолжението. При зајмувањето на сериска публикација, покрај сигнатурата се наведува и податок за годината и бројот што се бара.
Корисникот има право едновремено да користи до 5 публикации.
За зајмување на библиотечните материјали сместени во магацините се чека до 30 минути.
Зајмувањето од општиот фонд се врши од понеделник до сабота од 7:30 до 17:30 часот, а во месеците јули и август од 7:30 до 13:30 часот.
Корисникот има право да ги резервира материјалите што ги користел и тоа за период од 30 дена. Ако резервираниот материјал не се користи три дена едноподруго, тој се враќа во магацинот.
Работно време:
Понеделник до сабота
7:30 до 19:30 часот.
Лице за контакт:
Михајловска Нада
тел: 3115 177 л.154
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.