Меѓубиблиотечно зајмување

Меѓубиблиотечно зајмување

Меѓубиблиотечната позајмица претставува библиотечна активност која овозможува користење на документи од други библиотеки. Библиотеката врши меѓубиблиотечно зајмување на библиотечен материјал од:

  • своите фондови на барање на библиотеки од земјата и странство
  • фондовите на библиотеките во земјата и странство за потребите на своите членови

Во службата за меѓубиблиотчно зајмување корисникот поднесува барање за нарачка со точно и читливо наведени библиографски податоци за идентификација на документот (автор, наслов на публикацијата, година на издавање, место, ISBN - доколку се работи за книга, или автор, наслов на статијата, списание, том, број, година на издавање, страници и ISSN број - доколку се работи за статија во списание). Писменото барање, кое се смета за официјален документ, се доставува: лично, по факс или е-пошта на посочената адреса.

Со меѓубиблиотечно зајмување не можат да се позајмат следниве видови документи: цели списанија, весници и зборници; библиотечни материјали од посебните фондови: речници, енциклопедии, албуми, докторски и магистерски трудови, книги и списанија од збирката за ретки и старопечатени материјали, компакт дискови, факултетски учебници; книги што содржат значајни прилози (карти, табели, нотен материјал, репродукции, други додатоци со пагинација), библиофилски изданија, публикации со многу голем, односно мал формат.

Трошоците за добиените документи ги плаќа корисникот на услугата, според Ценовник.

Работно време:

понеделник - петок 8:00-16:00

Одговорнo лицe:

Маја Јовановска
тел: 3 230 874
факс: +389 2 3 226-846
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846