За корисници

Библиотечни информации

Корисникот на Библиотеката може на усно барање и преку телефон, да добие општи информации за:

  • историјата, статусот и функциите на Библиотеката
  • видовите услуги што ги дава Библиотеката и условите за нивно користење
  • информациските ресурси со кои располага Библиотеката
  • содржината и организацијата на книжниот и некнижниот фонд и условите според кои се користи библиотечниот материјал
  • организацијата на библиотечната мрежа во Република Македонија

Користењето на услугите на Библиотеката може да биде индивидуално и колективно.

Индивидуален корисник може да биде секој граѓанин на Република Македонија или странски државјанин, што навршил 16 години.

За стекнување на статус индивидуален корисник потребно е :

Меѓубиблиотечната позајмица претставува библиотечна активност која овозможува користење на документи од други библиотеки. Библиотеката врши меѓубиблиотечно зајмување на библиотечен материјал од:

  • своите фондови на барање на библиотеки од земјата и странство
  • фондовите на библиотеките во земјата и странство за потребите на своите членови

Во Интернет читалницата Библиотеката на своите корисници им овозможува слободен достап до интернет на 13 комплетно опремени работни места и 6 работни места каде можат да користат сопствени преносни компјутери.

При користење на комјутерската опрема корисникот мора да ги почитува пропишаните правила*:

Во Универзитетската читалница корисниците можат самостојно и по свој избор да користат високошколски учебници, зборници, прирачници, материјали од собири, изданија на Универзитетите и други научни институции во РМ, општи и специјализирани енциклопедии, лексикони, речници (толковни, двојазични, повеќејазични и терминолошки), атласи, алманаси, водичи и сл.; монографски, најнови броеви од сериски публикации и секундарни/терцијарни публикации од областа на библиотекарството и информациските науки; избор на дневен, неделен и месечен печат од македонската продукција и др.

Германската читалница е основана во 1994 г.  на иницијатива на Гете-Институт и во соработка со Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија. Фондот на Германската читалница опфаќа околу 6000 б.е., a може да најдете избор на актуелни печатени и аудио-визуелни материјали на германски јазик со кои сакаме да укажеме на некои трендови и современи теми. Гете-Институтот ја поддржува библиотеката-партнер (НУБ) и заедно со неа соработува во проекти.

Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е основан со Одлука на Универзитетскиот сенат согласно потпишаниот договор помеѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со Централната управа на Институтите „Конфцуиј“ (Ханбан) и во соработка со Југозападниот универзитет за финансии и економија од Ченгду, НР Кина. Институтот „Конфуциј“ е сместен на првиот кат, лево од главниот влез на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Институтот беше свечено отворен на 3 септември 2013 година.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846