ISSN

Штo e ISSN?

ISSN (International Standard Serial Number)-Меѓународен стандарден број за сериски и тековни публикации кој овозможува идентификација и контрола на сите извори во континуитет издадени на национално и интернационално ниво.

Што е сериска/периодична публикација?

Публикација на било кој медиум, издадена непрекинато во делови, кои имаат бројчани или хронолошки ознаки, со цел да бидат објавувани неопределено, во континуитет.

Кога се доделува ISSN?
  • на нов наслов (кога првпат се регистрира сериската публикација)
  • на променет наслов
Што условува промена на ISSN?

Основа на ISSN системот е „делување во пар“ или единство на двата елемента клучен наслов и ISSN . Промената на првиот е услов за промена на вториот елемент.

Кога ISSN не се менува?
  • ако има промена на називот на издавачот
  • ако е сменето местото на издавање
  • ако има промена на фреквенцијата на издавање
  • ако има промена на издавачката политика
ISSN на различни медиуми

Изданијата на еден ист наслов без разлика дали се печатени или се достапни на друг вид медиуми (CD-ROM, онлајн, магнетни медиуми, микроформи...) добиваат сопствен ISSN

Пример:

Macedonian Journal of Chemistry and Chemical Engineering (print) ISSN 1857-5552

Macedonian Journal of Chemistry and Chemical Engineering (on-line) ISSN 1857- 5625 www.mjcce.org.mk

Каде се означува ISSN?

1. За печатени изданија:

  • на надворешната страна на корицата, првенствено во горниот десен агол, секогаш придружен со ознака ISSN
  • во било кој дел од страничните рабови на корицата
  • на страницата каде е податокот за copyright, или покрај податоците за издавачот,периодичноста..(импресумот)

2. За електронски изданија :

  • на внатрешниот извор, каде што е заштитниот наслов, на хомпејџот
  • на надворешните извори, каде што се натписите (омотите) на CD-ROM и касетите
Што е ISSN Регистер?

Секој доделен ISSN на сериска публикација се регистрира во Меѓународната база на податоци: ISSN Register.

Базата претставува најкомпететнтен и широко достапен извор на информации за идентификација на сериските публикации од цел свет

Која е структурата на ISSN записот?

1. Носечки елементи (ISSN, клучен наслов, скратен наслов)

2. Дополнителни елементи (периодичност, јазик, други форми на наслов, место на издавање, УДК, издавач..)

3. Линкови за поврзување (претходен/и наслови, изданија на други јазици, изданија на други медиуми)

На кој начин е достапна базата?

ISSN Register базата се ажурира и објавува од страна на Меѓународниот ISSN Центар од Париз и е достапна на два медиуми:

  • WEB (ISSN Online)
  • CD-ROM
Што е ISSN мрежа?

ISSN мрежата ја сочинуваат nационалните центри од целиот свет и Меѓународниот ISSN центар во Париз кој ја координира работата на националните центри.

Што е функцијата на Националниот ISSN центар?
  • Формира своја локална база на податоци за сериски публикации од својата земја
  • Преку задолжителниот примерок ги открива и контролира сите наслови на сериски публикации во својата земја
  • Доделува ISSN и врши обработка и контрола на сериски публикации
  • Доставува информации за нив до меѓународниот ISSN Центар и другите национални центри на нивно барање
  • Контактира со издавачите на локално ниво со цел унапредување и развоја на ISSN системот
  • Одговорен е за успешно и континуирано делување на ISSN системот за својата земја во рамките на ISSN мрежата
Што е функцијата на Меѓународниот ISSN центар?
  • Одговорен е да ја координира работата на националните ISSN центри
  • Ја одржува ISSN Register базата на податоци и се грижи за издавачките продукти
  • Доделува ISSN за сериски публикации од меѓународен карактер
Лице за контакт:

Оља Стојкова
тел: (02) 3115-177, лок. 137
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846