Млад Светиклиментов универзитет

Рачно производство на хартија

Млад Светиклиментов универзитет

Националната и универзитетска библотека " Св. Климент Охридски" - Скопје, сакајќи да даде свој придонес во зачувување и негување на изворните цивилизациски вредности на македонскиот народ, во рамките на својата дејност, покренува иницијатива на т.н. Млад Светиклиментов универзитет. Овој т.н. Универзитет треба да биде едно соодветно продолжување на Светиклиментовиот универзитет, кој во втората половина на IX и почетокот на X век, покрај црковно-литерарната, препишувачката и преведувачката дејност, развивал и општо образование од каде што излегле плејада од 3500 ученици кои ја ширеле словенската писменост, култура и уметност во сите православни земји.

Активностите се реализираат преку теоретска настава и практична работа во рамките на работилници.

Во тек е пријавувањето за учество во првите три работилници:

Запознавање со медиумот ЦЕЛУЛОЗА (рачна изработка на хартија) што подразбира :

  • Информации за историјатот, технологијата и значењето на хартијата во цивилизациски рамки,
  • демонстрација на европската и ориенталната техника на изработување дводимензионална подлога,
  • употреба на стара отпадна хартија како суровина за рачна изработка на хартија,
  • изработка на хартија со македонски целулозни суровини,
  • изработка на декоративни хартии
  • Запознавање со историскиот развој на различни видови подлоги за пишување;
  • Формирање и употреба на хартија за графички дела (дигитaлен печат, сито печат);
  • Формирање и употреба на хартија за длабок печат (дрворез и линорез);
  • Формирање и употреба на хартија за конзерваторски цели;
  • Формирање на декоративна хартија за предмети со практича примена (папки, торби, печатени текстови, пликови и сл.);
  • Изработка на релјефи и тридимензионални предмети (уникатни книги, лантерни и сл.) од рачно изработена хартија без хемиски соединенија и додатоци;
  • Изработка на дизајн решенија за организирање изложби, за плакати, огласни информации, плакети, дипломи, новогодишни и божиќни честитки, благодарници, пофалници, украсни ентериерски решенија итн. од рачно изработена хартија без хемиски соединенија и додатоци.

Активностите во рамките на овие работилници ќе бидат изведувани во соработка со здружението МЕДЦЕЛ.

  • Појава и ширење на првата македонска и општословенска писменост
  • Охридски книжевен центар
  • Центри каде се зачувани ракописи со глаголичен текст: Западна Европа, Украина, Хрватска, Македонија (Охрид, Света Гора и др.)
  • Запознавање со глаголицата како азбучен систем
  • Запознавање со глаголицата како цифров систем
  • Запознавање со глаголицата како систем на симболи
  • Скратена обука за читање и пишување

Предавач во рамките на оваа работилница ќе биде г-дин Милош Линдро.

Наставната програма на работилницата ќе биде адаптирана согласно со потребите на сите заинтересирани граѓани (ученици, студенти, вработени, невработени, пензионери, диломатски претставници и сл.).

Своето учество на работилниците, сите заинтересирани кандидати, можат да го пријават со пополнување на соодветниот формулар.

Сите дополнителни информации можат да се добијат кај одговорното лице:
м-р Зорица Јаковлевска Спировска
телефон: +389 02 3 115 177 лок. 161
Е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846