Центар за конференции и студии

Поглед на салите од центарот за конференции и студии

Центар за конференции и студии

Овозможуваме комуникација меѓу луѓето и контакт насекаде во светот.

Преку партнерството со нашиот Центар, ја покажувате вашата социјална одговорност и поддршка на развојот, заштитата и одржувањето на писменото културно наследство и богатства.

Нашиот конференциски центар во Скопје располага со удобна конференциска сала со капацитет до 75 лица и најнова технологија за видео конференции со капацитет до 25 лица, со кое ви овозможуваме одржување состаноци со учесници на различни места.

Центарот за конференции и студии (ЦКС) е резултат на долгорочното стратешко партнерство меѓу Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и Британски совет - Македонија и истиот функционира преку заеднички вложувања од декември 2005 до декември 2011 г. Националната библиотека самостојно управува и ги организира настаните во ЦКС од почетокот на 2012.

Центарот за конференции и студии се применува за различни видови настани кои вклучуваат презентации, промоции, работилници и семинари, учење на далечина, видео конференции и други активности поврзани со младите и ЕУ, а сите со цел размена и збогатување на знаењата. Настаните вклучуваат различни целни групи од владиниот, приватниот и невладиниот сектор.

Што е видео конференција?

Покрај традиционалните пристапи, Конференцискиот центар нуди модерно студио за видео конференции. Видео конференцијата е форма на комуникација што интегрира видео линк и говор (преку телефонска линија). Учесниците во видео конференцијата може да се гледаат еден со друг додека разговараат. Исто така, може да ја користат технологијата да разменуваат документи, презентации и да одржат обуки.

Зошто да се применува видео конференција?

Има многу придобивки од користењето на видео конференцијата.

  • поредовна комуникација со луѓе во други региони или земји, што вообичаено би било многу скапо или невозможно ако треба да патувате
  • (можност за) одржување видео конференции со многу повеќе луѓе во споредба со состанок каде што треба сите тие да присуствуваат, бидејќи секоја страна ги користи своите капацитети
  • Видео конференциската комуникација и состаноците често се доста пократки, бидејќи не е потребно да патувате. Состанок за кој би ви требале четири часа надвор од работното место (поради патот) може да ви одземе само два часа ако користите видео конференциска комуникација
  • Со видео конференцијата се заштедуваат средства бидејќи со тоа се намалуваат трошоците – нема потреба од сите тие трошоци вклучени заедно со патувањето, храна и билети.
  • Телефонскиот повик или електронската пошта не се секогаш најдобриот начин да комуницирате со друго лице. Интерактивните состаноци може да ви помогнат да генерирате идеи и да им овозможите на луѓето да го прочитаат и реагираат на односот на другите луѓе
  • Bидео конференцијата овозможува соработка преку споделување документи. Многу луѓе во различни области може да работат на ист проект и да го дадат својот придонес
  • Многу институции може едновремено да го примаат сигналот и на тој начин да се добие повисок степен на учество. На пример, предавање што се емитува за учениците во многу различни образовни институции
Пошироки придобивки од видео конференциската комуникација

Нашата понуда за видео конференциска комуникација ви помага во следното:

  • да го унапредите вашето искуство на учење и да ве поддржи со тоа што ќе ве поврзе со другите слушатели во различни географски региони
  • создава и развива корисен дијалог со институциите од Обединетото Кралство што го извезуваат образованието
  • одржување и развој на електронски проекти

Сме работеле со стотици луѓе, во многу сектори и области на интерес; создаваме врски што ќе опстојуваат и обезбедуваме врвни услуги. Ова се само дел од оние со кои сме работеле и нивните ставови во врска со нашата улога во нивниот професионален живот.

 Само би сакал да му изразам благодарност на секому од вас за помошта во организацијата на ИЛПЕ програмата која заврши денес. Подготовката и раководењето со седум видеоконференции со толку многу локации беше навистина херкуловска задача и ние немаше да бидеме успешни без вашата помош и посветеност!

Гери Фајн, ГДЛН ЕЦА координатор, Светска банка

 Фондацијата „Фридрих Еберт“ заедно со Институтот за демократија организираше панел-дебата за неодамна направеното истражување „Анкета за амбициите на младите во Република Македонија“, која се одржа во Центарот за конференци и студии. Со задоволство потврдуваме дека место од ваков тип е навистина неопходно. Ни понудивте работно опкружување од највисок квалитет и техничка опрема што беше потребна за ваков тип настани, а исто така изразуваме благодарност и комплименти за менаџерските способности на персоналот. Во врска со нашите професионални потреби, сигурна сум дека нашата соработка ќе продолжи и во иднина и затоа го препорачувам Центарот за конференции и студии

Нена Трајковска, Фондација „Фридрих Еберт"

 Во име на „Пирсон Лонгман“ се заблагодаруваме на вашата помош и поддршка при реализацијата на семинарот во вашите простории. Просторот и техничката поддршка беа соодветни, а вашето гостопримство е надвор од сите наши очекувања. Се надеваме дека ќе соработуваме во иднина и ќе одржиме многу настани заедно.

Наталија Еленскаја Кочовиќ, регионален директор на „Пирсон Лонгман“

 Во врска со семинарот за европското право за конкурентност, кој се организираше од страна на Меѓународната организација за креирање закони (ИДЛО), Владата на Италија и Светската банка, кој се одржа во Центарот за конференции и студии, со задоволство изразуваме благодарност за техничката поддршка за одржување на работилницата. Без вашиот професионализам немаше успешно да го реализираме семинарот.

Љубица Рубен – правна фирма „Менс Легис“

 Само ќе кажам дека ми беше навистина големо задоволство со она што го понудивте во Центарот. Може да се додаде дека целата идеја за предавањето ја добив по одржување на настанот! Целиот персонал беше навистина од голема помош и многу повеќе од она што се бараше.

Најџел Кларк, композитор, Обединето Кралство

 Видеоврската што беше воспоставена преку Центарот за конференции и студии ми овозможи да го направам првиот визулен состанок со позната странска фирма, што беше многу позитивно и важно во првата фаза на комуникацијата. Потоа, со дополнителна комуникација успеав да ја постигнам својата цел и во моментот работам како комерцијален директор во компанијата. Ви благодарам за професионалната помош.

Христо Џинлев, дипл. фарм.

 Неодамна отворениот Центар за конференции и студии е во согласност со највисоките стандарди и обезбедува безбедно и удобно работно опкружување. Просторот има добар вентилациски систем, овозможува флексибилно уредување за седење и е добро осветлен.

Елена Сентевск, ЦЛИЛ-обука

 Потпирајќи се на извонредниот и квалификуван партнер и исклучителните капацитети и услуги на Центарот, нашата работа беше олеснета пред и за време на презентацијата на нашата програма за македонскиот невладин сектор. Се надеваме дека набрзо повторно ќе соработуваме со вас и со Центарот.

Златко Самарџиев, национален координатор, ГЕФ СГП - Македонија

Горди сме што можеме да обезбедиме услуги за следните партнери и клиенти:

Партнери

  • Министерство за култура

  • Научна мрежа за глобален развој –ГДЛН

Клиенти

Владини институции
  • Британска амбасада во Скопје,
  • Spanish Embassy Skopje,
  • Амбасада на САД Скопје – Информативен центар,
  • Министерство за земјоделство,
  • Министерство за економија,
  • Министерство за образование,
  • Министерство за надворешни работи,
  • Министерство за животна средина и просторно планирање,
  • Министерство за правда,
  • Централен депозитар за хартии од вредност,
  • Секретаријат за европски прашања,
  • Министерство за надворешни работи и Комонвелт – Обединето Кралство.
Образовни институции
  • Бизнис образовен центар,
  • ЕЦС компјутери,
  • Њујорк колеџ,
  • Њујорк Универзитет,
  • „Сент Џорџ“,
  • Синергија плус,
  • Шефилд Универзитет
  • Француски културен центар
Деловни компании
  • АСТ (AST Adventure Student Travel),
  • Ајнетворк УК,
  • ВИП Оператор,
  • Глобални виртуелни интервјуа – Обединето Кралство,
  • Еликсир,
  • Имиџ ПР,
  • КОСМО иновативен центар,
  • Мек Кан Ериксон,
  • Оракл,
  • Орифлејм,
  • Подравка,
  • Санофи авентис,
  • Т-Мобиле,
  • Туристичка комора.
Граѓански организации, здруженија и групи
  • Аналитика
  • Асоцијација на наставници по англиски јазик на Македонија
  • Младинска мрежа „Блу скај“
  • Совет за радиодифузија на Република Македонија
  • Криејтивејт
  • Данскиот совет за бегалци
  • Екосвест
  • Евро Балкан
  • ЕУ & У
  • Фондација „Институт отворено општество“ – Македонија
  • Фронт 42/21
  • Проект опции во здравството Скопје (HOPS)
  • Македонски центар за археолошки истражувања (MACAR)
  • Македонскиот зелен центар
  • Македонскиот институт за медиуми (МИМ)
  • Македонски национален комитет „Син штит“
  • Милиеуконтакт Интернационал
  • Проект печат
  • ПЕН-центар
  • Здружение на извидниците на Македонија
  • Tуристичка комора
  • Канцеларија за координација на организацијата за храна и земјоделство (FAO)
  • Канцеларија на „Фридрих Еберт штифтунг“ (Friedrich Ebert Stiftung) Македонија
  • Глобален фонд за животна средина – Програма за мали грантови (GEF-SGP)
  • Меѓународна финансиска корпорација
  • Мисија на ОБСЕ во Скопје
  • Агенција за бегалци на ОН (УНХЦР) Скопје
  • Светска банка
  • Светска здравствена организација – регионална канцеларија за Европа
  • Светско учење – Македонија, Програма на УСАИД за човечки и институционален развој
  • Центар за реформа на финансиско известувањe - Виена
  • Центар за зедничка основа
  • HACCAP food safety.

Прес

Галерија

Галерија фотографии

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846