Новости

Република Македонија годинава ќе биде земја-домаќин на 6-та Конференција на директорите на националните библиотеки од Југоисточна Европа што ќе ја организира Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, со поддршка на Министерството за култура.

Конференцијата ќе се одржи на 8 и 9 ноември 2017 г. во НУБ „Св. Климент Охридски“. Директорите на националните библиотеки на Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија ќе дискутираат за можностите за размена на дигитални објекти, вклучување со заеднички активности во рамки на Европската година на културното наследство - 2018, а исто така ќе бидат разменети информации за актуелни и нови проекти.

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје во соработка со Нaционалната и универзитетска библиотека од Љубљана, на 7 ноември 2017 г. (вторник), ќе ја организира манифестацијата „Денови на словенечка книжевност во Република Македонија“.

На свеченото отворање на оваа манифестација што ќе започне во 11 часот, ќе се обратат г-а Сенка Наумовска, в.д. директор на НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје, г-а Мартина Розман Салобир, директор на Народната и универзитетска библиотека од Љубљана и Н.Е. проф. д-р Милан Јазбец, амбасадор на Република Словенија во Македонија, а ќе биде потпишан и нов договор за соработка меѓу националните библиотеки на Република Македонија и на Република Словенија. 

 

Два проекти од НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје поддржани од Конференцијата на европските национални библиотеки (CENL).

Во рамки на програмата „РАЗМЕНА НА ВЕШТИНИ И ЗНАЕЊЕ“ поддржана од Конференцијата на европските национални библиотеки, библиотекари од НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје ќе остварат стручни престои во националните библиотеки на Бугарија и Словенија.

 

 

Повик за натпревар!

Учествувајте со ваши фотографии на изложба на Europeana Collections.

На почетокот на оваа година учествувавме во една изложба која прикажува стари разгледници од Република Македонија. Оваа изложба ги славеше  убавите градови, предели и региони од Југоисточна Европа.

Разгледниците ни прикажуваат една носталгична слика од Југоисточна Европа. Би сакале да видиме како тие места од изложбата изгледаат денес.

Посетете ја изложбата Picture This!  за да видите точно кои места и културни знаменотости ги бара Европеана.

Културни знаменотости кои ги бара Европеана, а се во Македонија: фотографија 1, 2, 3.

 

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846