Новости

Група од педесетина библиотекари и професори од повеќе средни училишта од Загреб и Крапина, Хрватска, беше во еднодневна стручна посета на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје. Целта на посетата беше запознавање со стручните процески, системот и организираноста на работата на нашата библиотека, размена и споделување знаења.


Стручните и одговорни библиотекари од НУБ подготвија излагања и презентации, почнувајќи од набавката и комплетирањето на библиотечен материјал, новите законски промени во библиотечната дејност, доделување на ЦИП-записот за секоја новоиздадена публикација, работата на ИСБН и ИССН агенциите, базите податоци кои им се на достап на корисниците за нивните истражувања, програмата КОБИС, специјалните збирки... Голем интерес кај гостите предизвикаа неколкуте експонати, особено „Бели мугри“ од 1939 г. и ракописот „Животопис на Свети Влахо“ од 1861 г. од Радиловиќ (МС 29).

 

Два проекти од НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје поддржани од Конференцијата на европските национални библиотеки (CENL).

Во рамки на програмата „РАЗМЕНА НА ВЕШТИНИ И ЗНАЕЊЕ“ поддржана од Конференцијата на европските национални библиотеки, библиотекари од НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје ќе остварат стручни престои во националните библиотеки на Бугарија и Словенија.

 

 

Повик за натпревар!

Учествувајте со ваши фотографии на изложба на Europeana Collections.

На почетокот на оваа година учествувавме во една изложба која прикажува стари разгледници од Република Македонија. Оваа изложба ги славеше  убавите градови, предели и региони од Југоисточна Европа.

Разгледниците ни прикажуваат една носталгична слика од Југоисточна Европа. Би сакале да видиме како тие места од изложбата изгледаат денес.

Посетете ја изложбата Picture This!  за да видите точно кои места и културни знаменотости ги бара Европеана.

Културни знаменотости кои ги бара Европеана, а се во Македонија: фотографија 1, 2, 3.

 

Наскоро......

Конкурс за најдобра фотографија !!!

Националните библиотеки на Југоисточна Европа и Европеана ви подготвуваат изненадување... Информирајте се навреме!!! Посетувајте ја веб страната на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје www.nubsk.edu.mk за да дознаете повеќе информации. И, не пропуштајте да го следите нашиот фејсбук профил Национална и универзитетска библиотека.

 

 

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846