Новости

Ве покануваме на свеченото отворање на изложбата „Инкунабили и постинкунабули на црногорските печатници на Ѓураѓ Црнојевиќ и Божидар и Виченцо Вуковиќ“ од фондовите на НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје, која ја организираме во рамки на манифестацијата Денови на црногорската култура во Република Македонија, а по повод 550 години од првата книжарница на Кара Трифун во Скопје.
Хол на НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје, 18. мај (петок) 2018 г. во 12. часот. Изложбата ќе ја отвори градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.

Образовен камп #INNO4EDU во НУБ

Сабота, 05 Мај 2018 13:14

Образовен камп #INNO4EDU во НУБ. Образовниот камп во соработка со УНИЦЕФ е шанса да дадете Ваш придонес во градењето на едно поквалитетно образование во Македонија, а воедно и да искусите еден нов начин на работа кој промовира соработка, комуникација, креативност, експериментирање, мулти- дисциплинарност а воедно ја истакнува важноста на подлабоко разбирање на основите на бизнисот, дизајнерските методи и технологијата. Кампот ќе трае 18 дена, а на 40те учесници ментори ќе им бидат 15 експерти. Пoвеќе инфо на www.educamp.mk

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје има чест и задоволство да Ве покани на одбележувањето на Светскиот ден на книгата и на авторското право.
По тој повод НУБ ќе подарува книги за посетителите и ќе донира книги на организацијата „Една може!“, Проектот за социјализација на возрасни граѓани во склоп на Општина Центар и на КПУ Затвор Скопје. Исто така посетителите ќе имаат можност да купат книги по ниски цени на мини саемот во холот на НУБ. СЕ охрабруваат посетителите да донесат стара хартија за рециклирање затоа што на тој начин ќе добијат повеќе книги. 
Во прилог е програмата:

- Поздравна реч на Сенка Наумовска, в.д. директор

- Обраќање на Роберт Алаѓозовски, министер за култура, со македонската порака

- Читање на пораката на генералниот директор на УНЕСКО, Одре Азуле

- Обраќање на НЕ, Емилио Лоренсо Сера, амбасадор на Кралството Шпанија

- Изведба на студентите од Факултетот за драмски уметности „Dame la Libertad“, кореограф, проф. Невзати Кренaре-Кери

- Рецитал на поемата „Везилка“ од Блаже Конески, на македонски и на шпански јазик во изведба на студенти од Групата за шпански јазик при Катедрата за романски јазици од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје, под менторство на Сања Михајловиќ-Костадиновска и Давид Соса Мајор

- Мини-концерт на студентите од Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Дарко Багески: E.Granados - Spanish Dance br.2 и Spanish Dance br.5, J.Riba – Rodriguesca, A.Forrest - Joropo

НУБ подарува книги на:

- Здружението „Една може!“ за самохрани мајки

- Центар за социјализација на возрасни лица при Општина Центар

- КПУ затвор Скопје

„Калевала“ - музика на светот

Подарок книга и роза, според стариот каталонски обичај

Коктел


МИНИ-САЕМ НА КНИГИ ВО НУБ СО МИНИ-ЦЕНИ ОД ИЗДАВАЧИТЕ (11.00 ч. – 18.00 ч.)


Со стара хартија до нова книга

Донесете стара хартија за рециклирање и ќе добиете нова книга

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846