Прес

Ново, скратено, хрватско издание УДК

Среда, 26 Февруари 2014 09:36

Во издание на Националната и универзитетска библиотека од Загреб, излезе скратеното, лиценцирано издание насловено Универзална децимална класификација.

Изданието содржи повеќе од 10.000 броеви на класификациската шема (главни и општи, како и специјални помошни таблици) со дообјаснувања: белешки, упатство за употреба, напатствија и примери за комбинирање, приспособени за хрватското издание. Таблиците содржат и азбучен предметен индекс со повеќе од 17.000 пристапни точки (определници).

Во однос на оригиналното издание, а со цел да се овозможи соодветна примена на таблицата во индексирањето на националната граѓа, некои делови се изменети. На пример, додадена е целосна потподелба од таблицата за општи помошни броеви за место, за Хрватска, Македонија и Словенија. Покрај тоа, додадени се и броеви за книжевноста и историјата што се соодветни за споменатите области. Уредничка на прирачникот и авторка на индексот е Лидија Јуриќ-Вукадин.

Изданието се темели на последната верзија на УДЦ МРФ од 2011 година. Најголемите промени, во однос на претходното средно хрватско издание, се направени во следниве области: религија, менаџмент, туризам, социјална помош, заштита на животната средина, ботаника, зоологија, биотехнологија, ветеринарната наука, техничка акустика, музика и филм. Со нив, во скратеното издание, вклучени се и нови, општопомошно познати ознаки - за особини и односи, процеси и постапки.

Со оглед на тоа дека изданието е неодамнешно, а и заради оптималната количина на броеви, се претпоставува дека ова скратено издание на УДК ќе наиде на широка примена во сите наши библиотеки, во библиографските и документациските центри, во издаваштвото, па и пошироко.

Број на страници: 703 (481 текст + 222 индекс); 26 см ISBN 978-953-500-124-9

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846