Заемен каталог COBIB.MK

Заемен каталог COBIB.MK

Заемниот електронски каталог COBIB.MK е заеднички каталог на записите од локалните е-каталози на 40 библиотеки полноправни членки на библиотечно-информацискиот систем COBISS.MK. Содржи над 520.000 записи (јан. 2013). за сите видови библиотечен материјал.

Со помош на веб-апликацијата COBISS/OPAC корисниците можaт да ја пребаруваат заемната база и локалните бази на податоци (е-каталози) на сите библиотеки што се вклучени во системот COBISS.MK.

Пребарувањето на заемниот електронски каталог е можно на три начини:

  • основно пребарување
  • изборно пребарување
  • командно пребарување

Кој од начините ќе го примените, зависи од вашето предзнаење за пребарување на каталозите во OPAC. На корисниците без искуство или со мало искуство во пребарувањето во OPAC им препорачуваме да ги користат основниот и изборниот начин на пребарување. Третиот начин е наменет за корисниците со напредно знаење, кои ја познаваат структурата на записите во електронскиот каталог и користењето на префикси и суфикси на пребарување.

За секој од начините на пребарување, на десната страна се дадени кратки совети и објаснувања, со примери за тоа како да се дефинира едно пребарување. Исто така, во дното на страницата се дадени линкови кои ве водат до повеќе и подетална помош за избраниот начин на пребарување.

Повеќе за пребарувањето можете да најдете во менито Помош на електронскиот каталог.

При пребарување во заемниот каталог и прегледување на добиените резултати, под податоците на бараниот запис, се прикажува и список на сите библиотеки во кои се наоѓа бараната публикација, бројот на достапни примероци и податок дали може да се зајмат дома. Ако кликнете на името на одредена библиотека, се прикажуваат податоците за публикацијата од локалниот е-каталог на библиотеката и податоци за сите примероци (со податоци за сигнатурата и дали е слободна за користење).

каталогот може да го пребарате тука

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846