Веб-апликација E-CRIS која Институтот за информациски науки во Марибор (IZUM) бесплатно ја понуди на корисниците на апликациите COBISS има за цел да воспостави евиденција на истражувачите и установите во Република Македонија.
E-CRIS базата е неопходна за следење и евалуација на резултатите од истражувањата реализирани во рамките на повеќе национални библиотечно-информациски системи од мрежата COBISS.Net. Националниот E-CRIS систем е поврзан со националниот библиотечно-информациски систем COBISS, и овозможува непосреден увид во биографските и библиографските податоци на истражувачите и истражувачките организации. Националниот E-CRIS систем вклучува база на податоци за истражувачи, истражувачки организации и оддели и истражувачки проекти. Податоците во базата се меѓусебно поврзани. Податоците во базата се внесени на македонски и англиски јазик.
Информацискиот систем за истражувачка дејност во Македонија го управува Националната библиотека “Св.Климент Охридски“, која врши и функција на национален E-CRIS центар. E-CRIS.МК е поврзан со информацискиот систем COBISS.MK, односно со неговата библиографска база на податоци COBIB.MK, во која некои од македонските библиотеки веќе креирале и библиографски записи за библиографии на истражувачите.
веб страна: http://e-cris.mk.cobiss.net/
Работно време:
понеделник-петок 8:00-16:00
Одговорно лице:
Миодраг Дадасовиќ, Василка Христовска
тел: 3115 177
факс: 3226 846
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.