Музичка уметност

Фрагмент од музички ракопис на Глигор Смокварски

Збирка за музичка уметност

Дејност

Збирката собира, обработува, чува и дава на користење материјали од областа на музичката и балетска уметност. Изготвува CIP – записи за печатените музикалии и публикациите кои се однесуваат на балетската и музичка уметност . Збирката учествува во реализација на дејноста за заштита на фонотечните добра.

Фонд

Збирката за музичка уметност поседува печатени партитури и штимови, музички ракописи, монографски публикации за музичката и балетската уметност (над 25 000 единици) . Публикациите и партитурите ги покриваат сите музички жанри . Составен дел od фондот претставуваат и аудио материјалите : грамофонски плочи, аудио касети, магнетни ленди, ЦД-а (над 26 000 единици ). Фондот го сочинуваат и аудио-визуелни материјали (видео ленти и ДВД-а), како и концертни плакати и програми.

Вредни музички материјали

Посебно место во Збирката заземаат легатот на композиторот, диригент и музички педагог Стефан Гајдов и легатот на композиторот Глигор П.Смокварски. Во рамки на легатот на Смокварски неизоставно мора да се напомене и делото кое е од особено значење за македонската музичка култура, а тоа е композицијата „Scherzzo’’ за симфониски оркестар, прво македонско дело изведено од страна на „Македонската филхармонија’’. Во раритените материјали се вбројуваат и комплетниот фонд на ансамблот за современа музика ”Св.Софија”, како и музичките ракописи од македонските композитори Тодор Скаловски, Властимир Николовски, Благоја Ивановски, Стојан Стојков, Јане Коџабашија и др.

Каталози
  • Авторски (азбучен и абецеден)
  • УДК
  • Предметен
  • Електронски каталог (OPAC)
Користење

Материјалите се користат исклучиво во просториите на Збирката

Работно време

вторник, среда и петок од 9:00-15:00, пауза од 11.00-12.00 часот

Одговорно лице

м-р Елени Новаковска, советник библиотекар
тел: ++389 0 2 3115 177- лок.135
e-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846