Заштита на библиотечен материјал

Работна маса за конзервација и реставрација на хартија

Заштита на библиотечен материјал

Лабораторија за конзервација и реставрација

Дејноста на овој сегмент на заштитата произлегува од функијата на Библиотеката како матична институција од областа на заштитата на библиотечните фондови. Оттука стручните лица- конзерватори учестуваат во донесувањето и се грижат за правилно применување на техничко-заштитни мерки за сместување, чување и ракување со библиотечните фондови, организираат и вршат изведување на конзерваторско-реставраторски и други работи на непосредна заштита на библиотечните материјали и библиотечните добра, вршат стручни експертизи и проценка на штета на заштитени библиотечни добра, даваат стручна помош на имателите на библиотечни добра, вршат стручни работи од областа на заштитата на библиотечните добра и други функции регулирани со Законот за заштита на културно наследство и Законот за библиотеки.

Активности
  • рачна конзервација и реставрација на ракописен, старопечатен, редок и специфичен библиотечен материјал
  • машинска конзервација и реставарација со ламинација и налевање на хартиена пулпа
  • репарација и конзервација со синтетички фолии
  • чистење и исправување на пергамент и кожни корици
  • чистење (суво и влажно) на материјали на хартија и пергамент
  • дезинфекција и неутрализација

Овие услуги се наплатуваат соодветно на Ценовник.

Работно време:

понеделник до петок
8:00 до 16:00 часот.

Одговорно лице:

м-р Зорица Јаковлеска Спировска
тел: 3115 177 л.161
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Микрофилмска лабораторија

Во активностите на оваа лабораторија е вклучена заштитата со микрофилмување на ракописен, старопечатен, специфичен и редок библиотечен материјал, македонскиот задолжителен примерок и други материјали од фондовите на Библиотеката и останати правни и физички лица.

Овие услуги се наплатуваат соодветно на Ценовник.

Работно време:

понеделник до петок
8:00 до 16:00 часот.

Одговорно лице:

тел: 3115 177 л.111
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Подврзија

Ова е најстариот сегмент од одделот за заштита на библиотечни материјали. Од неговото формирање во 1953 год. до денес извршува активности од овој вид на заштита за потребите на Библиотеката и други физички и правни лица.

Активности
  • тврди и броширани корици за ракописен, старопечатен, редок, специфичен и вреден новодобиен библиотечен материјал
  • различни видови кутии (со и без капак)
  • папки, пликови и сл.
  • каширање на платно и на картон на различни видови материјали со различни формати
  • подврзување со спирали
  • сечење, перфорирање, бигување и др.

Овие услуги се наплатуваат соодветно на Ценовник.

Работно време:

понеделник до петок
8:00 до 16:00 часот.

Одговорно лице:

Јанкуловски Трајан
тел: 3115 177 л.159
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Галерија:

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846