×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 33

10 мај – 10 јуни 2011

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје има чест и задоволство да Ве информира дека новата патувачка изложба од Шведска, насловена Креативни жени -   пронајдоци и иновации од Шведска, ќе биде свечено отворена на 10 мај во 13 часот во новиот дел на Библиотеката.  Изложбата е креација/осмислена од Националниот музеј за наука и технологија во Стокхолм во соработка со Шведскиот институт. Фокусот на изложбата е женската креативност и иновативност и таа ги претставува главно патентираните пронајдоци како и некои помалку познати производи со кои може да се решат одредени проблеми на нов и поинаков начин. Изложбата дава акцент на најновите пронаоѓачи- жени од Шведска, нивните идеи, но и на некои историски модели. Опфатени се околу 40 експонати на изуми и пронајдоци – самите производи или тие прикажани преку филм.

Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ Скопје, од 28-30 Септември 2011 год. во Баку, Република Азербејџан,  учествуваше на Вториот Интернационален Саем на книга, организиран по повод дваесетгодишнината од возобновувањето на независноста на Република Азербејџан. На овој саем, кој беше организиран од Министерството за култура и туризам на Р. Азербејџан, освен домашните и странските издавачки куќи, посебно место имаа штандовите на Националните библиотеки од Турција, Русија, Унгарија, Словачка, Белорусија, Латвија, Молдавија, Казахстан и Македонија, кои имаа можност да ја претстават националната книжна продукција.

Меѓународниот саем на книгата во Франкфурт, кој годинава се одржа од 12 до 16 октомври, е најголемa светска манифестација посветена на писателите, издавачите, книжевните агенти и љубителите на книгата. Како и секоја година, саемот собра над 7000 излагачи од околу 110 земји, меѓу кои и Македонија. Според официјалните информации, Фракфуртскиот саем на книгата го посетија повеќе од 280.000 посетители, а истовремено, како и секоја година, се склучија деловни зделки за продажба на авторски права вредни стотици милиони евра. За пет дена, колку што траеше саемот, беа организирани над 2500 промоции, прес-конференции, презентации и друго.

Галерија

Галерија фотографии

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846