Во Промотивниот центар на Саемот на книгата, на 11-ти април 2014 г. (петок), во 11 часот, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, организира „Средба со наградени македонски автори - добитници на меѓународни награди и признанија“.

Објавено во Прес

Во организација на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје , на 9-ти април 2014 г. (среда), во 11 часот, во Промотивниот центар на Саемот на книгата, ќе се одржи ексклузивниот книжевен настан: „Средба со наградени автори - добитници на најзначајните книжевни награди во Република Македонија “.

Објавено во Прес

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, како комесар на македонското издаваштво на 58. Меѓународен белградски саем на книгата што се одржа од 20. до 27. октомври 2013 г., на оваа најголемa манифестација во регионот посветена на издаваштвото и книжевноста, истовремено ги презентира актуелната издавачка продукција од Република Македонија и современата македонска книжевност. И првиот и вториот сегмент на претставувањето беа успешно реализирани, за што сведочат позитивните одгласи во српските медиуми и културните кругови. Македонскиот штанд го посетија голем број српски писатели и преведувачи, издавачи од Србија и од други држави, како и многумина заинтересирани љубители на книгата, меѓу кои беа и Македонци кои живеат и работат во Република Србија.

Објавено во Прес

Меѓународниот саем на книгата во Франкфурт, кој годинава се одржа од 12 до 16 октомври, е најголемa светска манифестација посветена на писателите, издавачите, книжевните агенти и љубителите на книгата. Како и секоја година, саемот собра над 7000 излагачи од околу 110 земји, меѓу кои и Македонија. Според официјалните информации, Фракфуртскиот саем на книгата го посетија повеќе од 280.000 посетители, а истовремено, како и секоја година, се склучија деловни зделки за продажба на авторски права вредни стотици милиони евра. За пет дена, колку што траеше саемот, беа организирани над 2500 промоции, прес-конференции, презентации и друго.

Објавено во Изложби

Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ Скопје, од 28-30 Септември 2011 год. во Баку, Република Азербејџан,  учествуваше на Вториот Интернационален Саем на книга, организиран по повод дваесетгодишнината од возобновувањето на независноста на Република Азербејџан. На овој саем, кој беше организиран од Министерството за култура и туризам на Р. Азербејџан, освен домашните и странските издавачки куќи, посебно место имаа штандовите на Националните библиотеки од Турција, Русија, Унгарија, Словачка, Белорусија, Латвија, Молдавија, Казахстан и Македонија, кои имаа можност да ја претстават националната книжна продукција.

Објавено во Прес

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846