×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 33

Е-каталог на НУБ

Четврток, 14 Јуни 2012 10:59 Напишано од 
Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Електронскиот каталог на НУБ започна да се води и одржува од 1989 година, со воведувањето на автоматизирана обработка со библиотечно-информацискиот систем COBISS. Содржи над 410.000 записи (јан. 2013) за сите видови библиотечен материјал во печатена и електронска форма, и тоа:

  • монографски публикации: книги, картографска граѓа, звучни и видеозаписи, печатени музикалии, и др.
  • сериски публикации: списанија, весници, и др.
  • статии и други составни делови од списанија и зборници

Електронскиот каталог на НУБ воедно го сочинува и најголемиот дел од податоците на заемниот електронски каталог COBIB.MK.

Со ретроактивна обработка на библиотечниот материјал од тековниот прилив пред 1989 година, во е-каталогот на Библиотеката можат да се најдат и изданија на монографски публикации и за периодот пред 1989 г.

Деталните податоци за фондот на сериските публикации т.е. кои годишта ги поседува Библиотеката за одредена сериска публикација, тековно се внесуваат во е-каталогот од 1997 г.

Пребарувањето на електронскиот каталог, кое се врши со веб-апликацијата COBISS/OPAC, е можно на три начини:

  • основно пребарување
  • изборно пребарување
  • командно пребарување

Кој од начините ќе го примените, зависи од вашето предзнаење за пребарување на каталозите во OPAC. На корисниците без искуство или со мало искуство во пребарувањето во OPAC им препорачуваме да ги користат основниот и изборниот начин на пребарување. Третиот начин е наменет за корисниците со напредно знаење, кои ја познаваат структурата на записите во електронскиот каталог и користењето на префикси и суфикси на пребарување.

За секој од начините на пребарување, на десната страна се дадени кратки совети и објаснувања, со примери за тоа како да се дефинира едно пребарување. Исто така, во дното на страницата се дадени линкови кои ве водат до повеќе и подетална помош за избраниот начин на пребарување.

Повеќе за пребарувањето можете да најдете во менито Помош на електронскиот каталог.

Доколку бараната публикација не ја најдете во е-каталогот, посебно доколку се работи за издание пред 1989 г., препорачуваме да ја побарате и на класичните каталози во картончиња.

каталогот може да го пребарате тука

Прочитајте 26846 times Последен пат изменето на Петок, 03 Април 2015 15:37

Поврзани вести

Повеќе во оваа категорија: « Заемен каталог COBIB.MK

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846