Прес

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 33

Средба со наградени македонски автори - добитници на меѓународни награди и признанија

Четврток, 10 Април 2014 12:41

Во Промотивниот центар на Саемот на книгата, на 11-ти април 2014 г. (петок), во 11 часот, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, организира „Средба со наградени македонски автори - добитници на меѓународни награди и признанија“.

За значењето и придонесот на меѓународните награди и признанија за афирмација на писателите од Република Македонија во светот ќе зборува м-р Владимир Илиевски, кој ќе ги претстави авторите и истовремено ќе биде модератор на овој репрезентативен книжевен настан.

На средбата ќе бидат претставени Матеја Матевски, Влада Урошевиќ, Ресул Шабани, Ристо Василевски, Санде Стојчевски, Веле Смилевски, Раде Силјан, Јордан Плевнеш, Бранко Цветковски, Христо Петрески, Александар Прокопиев, Ким Мехмети, Славе Ѓ. Димоски, Венко Андоновски, Лидија Димковска, Гоце Смилевски, Никола Маџиров, Јовица Тасевски-Етернијан и Николина Андова, од кои еден дел нема лично да присуствуваат заради престој во странство.

На овој значаен културен настан се поканети и дипломатските претставници на државите во кои им се доделени наградите и признанијата на македонските автори.

Галерија

Галерија фотографии

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846