Прес

Фестивал на книгата

Понеделник, 31 Март 2014 12:02

По повод Светскиот ден на книгата, 23 април, во Германската читалница при Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, понудени се две манифестации што се однесуваат на книгата.

Пазар за размена на книги

За секоја донесена книга може да се одбере и да се земе друга книга.

Понудените книги се од приватни библиотеки или пак се отуѓени книги. Не се работи за книги од фондот на Германската читалница.

УЧЕСТВОТО Е ЕДНОСТАВНО:

ДОНЕСИ КНИГА
ОДБЕРИ КНИГА
ЗЕМИ КНИГА

Акцијата трае еден месец, односно од 1 до 30 април 2014 година.

Може да се прави размена само со германски книги или книги од германското јазично подрачје во македонски превод.

Изложба на граничници за книги

Донесете ги Вашите обични и необични граничници за книги до 30 април и учествувајте во формирањето/збогатувањето на изложбата.

Изложбата трае еден месец, односно од 1 до 30 април 2014 година.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846