Прес

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 33

Детски фестивал за слика и филм - BUFF 2013: Бајки

Петок, 10 Мај 2013 15:18

Филмови, слики, изложби, работилници
Скопје 11 мај-21 јуни 2013

По големиот успех на Детскиот фестивал за слика и филм (BUFF) минатата година, срдечно Ве покануваме на новото издание кое е посветено на темата „Бајки“ по повод 200-годишнината од објавувањето на првата збирка „Детски и домашни бајки“ на Браќата Грим. Фестивалот ќе започне на 11 мај 2013 година со проекција на филмската адаптација на бајката „Мачорот во чизми“.

Повеќе информации: http://www.goethe.de/ins/mk/sko/ver/mk10978312v.htm

Програмата на Детскиот дестивал за слика и филм ја сочинуваат дополнителни филмски адаптации на познати бајки од Браќата Грим, наградени детски филмови од фестивалот Prix-Jeunesse во Минхен, работилници, презентација на резултатите од ликовниот и филмскиот натпревар за ученици, а фестивалот ќе го заокружиме со големата патувачка изложба „Светот на бајките“ која ќе биде отворена на 29 мај во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје.

Повеќе информации за сите настани ќе најдете на веб-страната: http://www.goethe.de/ins/mk/sko/ver/mkindex.htm

Галерија

Галерија фотографии

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846