Изложби

Директорката на НУБ, Сенка Наумовска во придружба на министерот за култура Роберт Алаѓозовски и амбасадорот на САД Џес Бејли, на изложбата на словенски ракописи од 13 до 19 век кои се дел од нашите збирки. На изложбата претходеше работен состанок на директорите на Национални библиотеки од Балканот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје во соработка со Националната и универзитетска библиотека од Љубљана, на 7 ноември 2017 г. (вторник), ќе ја организира манифестацијата „Денови на словенечка книжевност во Република Македонија“.

На свеченото отворање на оваа манифестација што ќе започне во 11 часот, ќе се обратат г-а Сенка Наумовска, в.д. директор на НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје, г-а Мартина Розман Салобир, директор на Народната и универзитетска библиотека од Љубљана и Н.Е. проф. д-р Милан Јазбец, амбасадор на Република Словенија во Македонија, а ќе биде потпишан и нов договор за соработка меѓу националните библиотеки на Република Македонија и на Република Словенија.

Во продолжение на манифестацијата ќе се одржи книжевна средба со афирмираните словенечки автори Иво Светина, претседател на Друштвото на словенечки писатели, Јуриј Худолин и Станка Храстељ, на којашто писателите ќе прочитаат извадоци од нивното творештво, а преводот на македонски јазик ќе го прочита Дарко Спасов, книжевен преведувач. Осврт за творештвото на авторите од Словенија ќе има проф. д-р Александар Прокопиев, кој ќе ја води средбата и разговорот со нив.

Посетителите ќе можат да ја проследат и песната „Т’га за југ“ од Константин Миладинов на македонски и во превод на словенечки јазик, во интерпретација на студенти од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ под менторство на проф. д-р Лидија Аризанковска, а потоа ќе биде отворена изложба на книги од автори од Словенија преведени на македонски јазик, објавени во Република Македонија во периодот од 1991 до 2017 година.

Со почеток во 12 часот и 30 минути во Центарот за конференции и студии на НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје ќе се одржи тркалезна маса на тема „Книжевниот превод како предизвик и неопходен процес“, а модератор на дискусијата ќе биде проф. д-р Александар Прокопиев.

Во рамки на манифестацијата, во галеријата „Остен“, во 19 часот ќе биде отворена изложба на дела од словенечки сликари од колекцијата Остен - Музеј на цртеж.

Инфо ден

Понеделник, 23 Октомври 2017 13:05

На 24.10.2017 година во периодот од 9 до 14 часот во просториите на Центарот за конференции и студии, НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје, ќе се реализира Инфо ден на тема:

Градење одржлива дигитална инфраструктура за институциите од областа на заштита на културното наследство.

Настанот е во организација на Управата за заштита на културното наследство, орган на Министерството за култура на РМ, во соработка со европскиот конзорциум ДАРИАХ - ЕРИК (Дигитална истражувачка инфраструктура за уметност и хуманистички науки) и нивните претставници од Република Хрватска.

Покана за излозжбаСо задоволство Ве покануваме на свеченото отворање на изложбата„Унгарците го истражуваат Ориентот“, која ќе биде поставена во холот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Скопјe.

На 5 мај 2015 година, во 12.00 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, свечено ќе биде отворена изложбата „Победата над фашизмот. Како се постигна”.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846