Изложби

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 33

Српската книжевност во превод на македонски јазик

Среда, 05 Декември 2012 00:00

Имаме задоволство да Ве поканиме на свеченото отворање на изложбата насловена СРПСКАТА КНИЖЕВНОСТ ВО ПРЕВОД НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК и на трибината Преводот и преведувањето - состојби и перспективи, што ги организираме во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Скопје на 6 декември 2012 г., со почеток во 11.00 ч.

Настанот го реализираме во соработка со Народната библиотека на Србија и истиот е во рамките на активностите зацртани во Договорот за соработка меѓу Националните библиотеки на Република Македонија и Србија. Со овие активности сакаме да иницираме меѓусебно приближување и запознавање на книжевностите на соседните земји и во деновите на празнување на патронот свети Климент Охридски ќе ја претставиме српската книжевност преку избор од околу двесте монографски изданија од српски автори преведени на македонски јазик и регистрирани во базата на Библиотеката во периодот од 1990 до 2011 г. Основната идеја на овој концепт е со конкретна комуникација меѓу книжевностите на земјите од Југоисточна Европа да се потврди и поддржи потребата за меѓусебно приближување, размена и превод на врвни книжевни дела и отворање нови можности за уште поголема културна комуникација.

На свеченото отворање на изложбата ќе се обратат Миле Бошески и Дејан Ристиќ, директорите на двете библиотеки додека извадоци од своите дела ќе читаат почитуваните гости од Србија, писателите Гордана Ќирјаниќ, Александар Гаталица и Војислав Карановиќ. Преводите на македонски јазик ќе ги чита актерот Томе Витанов. Трибината ќе ја води проф. д-р Александар Прокопиев.

Се надеваме на Вашето учество во овој настан.

Со изрази на длабока почит.

Директор

Миле Бошески

Галерија

Галерија фотографии

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846