Menu Close

Одбележан Светскиот ден на книгата и авторското право

На 23 април 2025 година, во холот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје традиционално и јубилејно беше одбележан Светскиот ден на книгата и авторското право, по 30-ти пат.

Настанот се одржа под мотото „Книга и роза за секој наш читател“, во организација на Националната библиотека на Македонија и Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје.

Во рамките на програмата беа упатени поздравни обраќања, а беа прочитани и извадоци од антологиското дело „Дон Кихот“ од Мигел де Сервантес, на македонски и на шпански јазик.

Присутните имаа можност да ги чујат и пораките по повод Светскиот ден на книгата од проф. д-р Славица Велева, како и од генералниот директор на УНЕСКО, Одре Азуле.

На овој симболичен ден уште еднаш ја потврдивме љубовта кон книгата, читањето и авторското творештво.

Честит нека ни е Светскиот ден на книгата и авторското право!