Прв пат во библиотеката

Прв пат во библиотеката

Библиотечни информации

Корисникот на Библиотеката може на усно барање и преку телефон, да добие општи информации за:

  • историјата, статусот и функциите на Библиотеката
  • видовите услуги што ги дава Библиотеката и условите за нивно користење
  • информациските ресурси со кои располага Библиотеката
  • содржината и организацијата на книжниот и некнижниот фонд и условите според кои се користи библиотечниот материјал
  • организацијата на библиотечната мрежа во Република Македонија

Покрај регистрираните корисници, овој вид информации може да го добијат и други граѓани (индивидуално или групно) заинтереирани за дејноста и услугите на Библиотеката, при што им се издава привремена карта - Посетител. Со оваа карта корисниците не можат да ги користат услугите наменети за регистрираните корисници на Библиотеката. Групите на корисници (над 5), најмалку 3 дена пред посетата, мора да достават писмено барање.

Служба за библиотечни информации

тел: 3115177 л.145

Работно време:

понеделник до сабота
7,30 до 19,30 часот

Упатувања за самостојно користење на изворите на информации

Корисниците на Библиотеката, на усно барање, можат да добијат и упатства за самостојно користење на:

  • јавните/читателски каталози на Библиотеката во каталожни картончиња (к.к.)
  • електронскиот каталог на Библиотеката OPAC (Online Public Access Catalogue)
  • заемниот електронски каталог на библиотеките во Република Македонија
  • други извори на информации со кои располага Библиотеката

Обука за самостојно користење на изворите на информации се врши и за групи ученици од средните училишта и студенти од универзитетите во Македонија, во рамките на Програмите за обука на корисници.

Служба за библиотечни информации

тел: 3115177 л.145
3115177 291 215

Работно време:

понеделник до сабота
7:30 до 19:30 часот

Тематски пребарувања/истражувања на информации од фондовите на Библиотеката

Корисникот на Библиотеката, врз основа на писмено барање (писмо, факс или електронска пошта) или со електронската услуга „Прашај го библиотекарот“, може да побара тематско истражување на информации од различни научни и стручни области.

Во писменото барање, покрај податоците за корисникот се наведуваат:

  • областа и темата за која се бараат информациите
  • клучните зборови (на македонски и англиски јазик) со кои се одредува темата
  • изворите од каде што се бараат информциите (само од фондот на Библиотеката или пошироко)
  • ограничувања во однос на јазикот, временскиот период, видот на документи кои се бараат и др.
  • начинот и медиумот на кој корисникот ги бара информациите
  • оценка на корисникот за релевантноста на добиените податоци (вреднување на пребарувањето)

Тематските истражувања на информациите од фондот на Библиотеката се вршат со пребарување на каталозите, а резултатите од пребарувањето корисникот може да ги добие усно или како список на литература (во печатена или електронска форма).

За тематските истражувања на информации од фондот на Библиотката што се добиваат во писмена форма, корисникот плаќа надоместок според Ценовникот.

Служба за библиотечни информации

тел: 3115177 л.145
3115177 291 215

Работно време:

понеделник до сабота
7:30 до 19:30 часот

Прес

Галерија

Галерија фотографии

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846