Германска читалница

Германска читалница

Што е Германската читалница?

Германската читалница, која е отворена кон крајот на 1994 година во Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“- Скопје, е една од 57-те Читалници, кои од 1992, се формирани на иницијатива на Министерството за надворешни работи на СР Германија. Нејзината дејност и успешен развој се засновани врз заеднички партнерски однос на библиотеката домаќин и Гете-Институтот.

Со што располага Германската читалница

Фондот - информира за културата и општеството во Германија. Во Германската читалница ќе најдете публикации со содржини од германската книжевност, германски јазик, вклучувајќи ги тука и мултимедијалните прирачници, историја, филозофија, психологија, уметност, музика, филм, театар, економија, политика, ... Повеќето медиуми се зајмуваат. Но имате можност сите ЦД-а, ДВД-а, и ЦД-РОМ-ови да ги преслушате и погледнете во Читалницата.

Повеќе од 5.000 библиотечни единици
Книги, меѓу нив бројни референтни изданија; списанија и дневен печат; ДВД-а; аудиокниги на ЦД-а, музички ЦД-а и ЦД-РОМ бази на податоци.

Служба за информации – Во Германската читалница заинтересираните можат да добијат одговор на различни теми во врска со Германија. За таа цел, на корисниците им стојат на располагање: референтни изданија,енциклопедии, лексикони, речници, ЦД-РОМ бази на податоци и бесплатен пристап до Интернет.

За сите заинтересирани – Прошетка низ Германската читалница и воведување во работата на Читалницата по договор.

Зајмување и користење

Германската читалница е достапна за сите корисници.

Какви можности за користење има?

  • За да се зајмуваат медиуми мора да се приложи членска карта. Секој зачленет корисник во НУБ „Св.Климент Охридски“-Скопје добива бесплатна членска карта за Германската читалница.
  • За користење на фондот на германската читалница без зајмување доволно е да се приложи лична карта или пасош.
  • Истовремено можат да се зајмат 2 книги/аудио-книги, 2 списанија/весници, 2 ЦД-а/ДВД-а.
  • Референтните изданија, ЦД-РОМ-овите, и ДВД-ата со зелена етикета не се зајмуваат.
Онлајн-зајмување
Рокови за зајмување

Книги, аудиокниги на ЦД-а – 20 дена;
Списанија, дневен печат, музички ЦД-а – 10 дена;
ДВД-а, ДВД-а – 3 дена.

Продолжување на рокот за зајмување

Рокот за зајмување може само еднаш да се продолжи, доколку медиумот не е претходно порачан од други корисници. Продолжувањата можат да се извршат во текот на работното време во Читалницата, писмено преку е-пошта или телефонски.

Опомена

Ако не сте ги вратиле медиумите по истекот на рокот за зајмување, по 8 ден од истекот следува писмена опомена по е-пошта.

Просторот

Долгата светла просторија на Читалницата со флексибилниот мебел одлично е прилагодлива за литературни читања, предавања, работилници, изложби на плакати и книги. Во затворената просторија во задниот дел може да се одржуваат семинари, настава по германски јазик и филмски проекции. Во предниот дел во близина на списанијата се наоѓа катче за читање каде корисниците опуштено можат да пролистаат весник или да читаат книга.

Манифестации:
  • Филмски проекции за групи студенти и ученици
  • Читање, изложби на плакати и книги на германски автори
  • Настава по германски јазик од лектори, професори и стручни советници во Читалницата
  • Соработка и контакти со други институции
 
Работно време / Öffnungszeiten:

понеделник,среда,петок / Montag, Mittwoch, Freitag
11:00 - 14:30
вторник,четврток / Dienstag, Donnerstag
12:00 - 18:00
*првата сабота во месецот / Erster Samstag im Monat
11:00 - 15:00

 

Одговорно лице:

Мариана Палашевска
Тел.: ++ 389 2 312 33 49
Тел.: ++ 389 2 31 15 177, лок 127

Е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Германската читалница на веб-страната на: Гете-Институт Канцеларија за врски во Скопје

Германската читалница на Фејсбук: https://www.facebook.com/ germanskacitalnicaskopje/

Германската читалница на Twitter: https://twitter.com/DLSkopje

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846