ISMN

Што е ISMN

ISMN (International Standard Music Number) е меѓународен стандарден број за музика кој се користи за идентификација на печатени музикалии (партитури, штимови или елементи во мулти-медијален комплет).

Кој доделува ISМN во Република Македонија

Агенцијата за ISМN на Република Македонија во рамките на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски’’во Скопје.

Кои публикации добиваат ISМN

ISMN се доделува на:

  • печатени партитури
  • џебни (студиски) партитури
  • вокални партитури
  • сет на штимови
  • штимови достапни засебно
  • поп фолиа
  • антологии
  • збирки на композиции
  • песнарки (поп, џез, рок, народна музика и др...)
  • други медиуми кои се интегрален дел од публикацијата на печатени музикалии (пр.звучен запис кој е еден од „штимовите’’ на композицијата)
  • текстови на песни или стихови објавени заедно со печатените музикалии
  • коментари објавени заедно со печатените музикалии (достапни исто така одвоено)
  • микро-форми на музички публикации
  • музички публикации со брајово писмо
  • електронски публикации
ISМN не се доделува на:
  • книги за музика - освен оние што содржат нотни примери
  • звучни или видео записи (вклучувајќи записи достапни на компјутерски медиум)
  • сериски публикации
Упатства за доделување на ISМN

ISМN се доделува на првото издание на секои печатени музикалии, на секое наредно издание на истата публикација, доколку има измени. Нов ISМN број не се доделува на ново неизменето издание, односно препечатено во ист формат од истиот издавач.

ISМN доделен еднаш на еден наслов не смее да се користи за друг наслов.

Печатење на ISMN на музичката публикација

ИСМН мора да биде отпечатен на видно место во публикацијата, на задната страна на партитурата или штимот. По можност ISMN се печати со податокот за авторско право. Доколку публикацијата се издава електронски ISMN мора да се појави на страната на екранот која го прикажува насловот или неговиот еквивалент.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846