CIP - Каталогизација во публикација

Што е CIP?

CIP (Cataloguing in publication) е акроним за катaлошки опис во публикација. Тој е меѓународно препознатлив, стандардизиран библиографски опис изработен за публикацијата пред нејзиното издавање. Изработката на CIP-записот е заемна обврска на издавачите во РМ и на Библиотеката (Закон за култура, „Службен весник на РМ“, бр. 31/1998, чл. 48, 49 и бр. 49/2003). Согласно законот, НУБ “Св. Климент Охридски” - Скопје има ексклузивно право во изработувањето на CIP-записите.

CIP-от обезбедува:
  • содржинско и формално претставување на македонската книга на корисници што не го познаваат македонскиот јазик - афирмација на националната издавачка продукција,
  • универзален достап до информациите, едновремен со нивното публикување,
  • забрзување на протокот на информациите преку скратувањето на времето на нивното создавање,
  • стандардизација на библиографскиот опис,
  • реализација на библиографската контрола,
  • помош на библиотеките без соодветен кадар во стручната обработка на публикациите и одржувањето каталози
Публикации за кои се изработува CIP
  • книги
  • зборници
  • нотни записи
  • носачи на звук (ЦД, ДВД, аудио-касети, магнетофонски, магнетни и други ленти и сл.)
  • мултимедијална граѓа (ЦД, ДВД и др.)
  • атласи, географски карти, просторни планови
Публикации за кои не се изработува CIP
  • рото-романи, сликовници без текст
  • интерни и текстови во подготовка
  • (тези, преднацрти, нацрти, предлози)
  • ефемериди (адресари, именици, извештаи)
  • рекламни публикации, проспекти
  • уметнички и други програми
  • ценовници, тарифи
  • упатства за ракување и одржување
  • плакати, летоци, покани
  • патенти, стандарди
  • ѕидни и сл. календари
Изготвување на CIP-запис

За да се изготви CIP-запис за публикација издавачот е должен да достави пополнето барање за издавање CIP-запис и комплетен и ревидиран печатарски примерок за секое ново издание со следните податоци: 

  • име и презиме на авторот и соработниците (за преводите: име и презиме на преведувачот)
  • наслов (за преводите: да се нагласи од кој јазик се преведува, наслов на изворниот јазик со податоци за изворникот)
  • реден број на изданието и неговите карактеристики (формат, пагинација, прилози, илустрации, табели и сл.)
  • назив, седиште и адреса на издавачот и печатарот
  • година на издавање и печатење
  • тираж
  • ISBN (меѓународен стандарден број на книгата)

Доколку дојде до евентуални измени на публикацијата по изготвувањето на CIP записот, а пред отпочнување на печатењето, издавачот задолжително мора да ја информира Библиотеката за тие измени.

За изготвување на CIP–запис за монографски публикации, издавачот е обврзан да плати надомест во висина од 600,00 ден. согласно со Ценовникот за користење услуги во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје.;

За CIP-записи со класификација според УДК за статии и прилози во сериски публикации, согласно со Ценовникот, се наплаќа следниот надомест: до десет статии 400,00 ден., над десет статии 600,00 ден.

Надоместот се наплатува пред изготвувањето на CIP-записот, директно во службата за книговодство на Библиотеката или со образец ПП 50, на трезорската сметка на НУБ „Св. Климент Охридски“, кој треба да се достави како доказ за направената уплата.

Уплатница за CIP

 
Потребно време за изработка

Стандардно време на изработка на CIP-запис е еден ден од доставување на публикацијата.
Доставувањето на публикациите се врши секој работен ден од 8-13 ч.
Подигањето на публикациите со изготвен CIP-запис е наредниот ден, по 13 ч.
За издавачите од внатрешноста CIP-записот се изготвува истиот ден.
Краен термин за изработка/преземење на записот е 7 дена по доставувањето на публикацијата.

Печатење на CIP-записот

CIP-записот се отпечатува во публикацијата, во неизменета форма, на стандардизирано, издвоено, графички истакнато место (без превод, менување писмо, редизајн, дополнување, скратување итн.)

 
Лице за контакт:
Потребните документи за изработка на CIP–запис може да се испратат на следниве електронски адреси:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. (за монографски публикации )

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. (за монографски публикации)

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. (за CIP-записи со класификација според УДК за статии и прилози во сериски публикации)

 

За дополнителни информации, може да се обратите на следниве телефони:

02/3115-177, локал 118, 152 (за монографски публикации)

02/3133-418 (лице за контакт за CIP-запис за монографски публикации: Катарина Марковска–Саздова)

02/3115-177, локал 151 (за CIP-записи со класификација според УДК за статии и прилози во сериски публикации, лице за контакт: Софче Марковиќ)

 
Служба за изработка на CIP-запис за монографски публикации:

Сенка Наумовска, раководител (медицина, психологија, уметност, спорт)

Снежана Рогановиќ (книжевност, лингвистика)

Катарина Марковска–Саздова (земјоделство)

Марко Цуцуловски (општествени науки, археологија, историја)

Габриела Крстевска (економија, образование)

Пандорка Стоименовска (информатика, технологија)

Искра Димитрова (ликовна уметност)

Елени Новаковска (музичка уметност)

 

Служба за изработка на CIP-записи со класификација според УДК за статии и прилози во сериски публикации:

Валентина Дојчиновска-Илиоска, раководител (природни науки)

Софче Марковиќ (педагогија, социологија)

Наташа Бундовска (економија)

Весна Арсова (право)

Соња Цоневска (книжевност, лингвистика)

Соња Стрезоска-Вељановска (историја, археологија)

Пандорка Стоименовска (информатика, технологија)

Искра Димитрова (ликовна уметност)

Елени Новаковска (музичка уметност)

Прес

Галерија

Галерија фотографии

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846