Волонтерски Центар Скопје и оваа година, четврти пат по ред, во соработка и поддршка на Град Скопје ќе го организира НВО саемот со наслов “Заедно до подобро општество!”, на кој е предвидено да учествуваат граѓански организации и фондации, кои се активни на територијата на градот. 
Животот на НВО саемите вроди со неколку плодови, како што се успешни вмрежувања на ГО кои подоцна развиваа свои успешни партнерски проекти, финансиски поддржани од различни програми како што се IPA фондовите и слично. Настанот е планиран да се одржи во среда, 5-ти Декември 2018 година, во периодот 11-19 часот, во просториите на Националана и универзитетска библиотека НУБ „Св.Климент Охридски“ -Скопје. Овој настан ќе биде во склоп и на одбележувањето на 5-ти Декември, меѓународниот ден на волонтерството.
На саемот е предвидено своја презентација, во форма на штанд, да имаат здруженија/фондации кои се регистрирани на територија на Град Скопје, но исто така и организации/фондации кои не се регистрирани во Скопје, но дел од своите активности ги спроведуваат/спровеле во корист на граѓаните на Град Скопје. Доколку сметате дека спаѓате во овие категории на организации и здруженија, слободно пополнете ја апликацијата за учество со свој штанд на НВО саемот. Апликационата форма можете да ја најдете на следниов линк: https://goo.gl/forms/MUEybIf5NHKi1Fvp2 

Објавено во Прес

Саем на студии во соработка со Францускиот културен центар. Ги повикуваме учениците и студентите да го посетат саемот и да се информираат за можностите за студии во Франција. Четврток, 12 ч. во НУБ.

Објавено во Прес

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846