Дигиталната библиотека на Македонија при НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје во периодот од 23.05 - 28.05 реализира посета на дигиталните библиотеки при Националната и универзитетска библиотека на Хрватска, Народната библотека на Србија и Универзитетската библиотека во Белград.
ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА КНИЖЕВНОСТ И ИЗДАВАШТВО НА МЕЃУНАРОДНИОТ САЕМ НА КНИГАТА ВО ВАРШАВА
Република Македонија годинава за првпат ќе учествува на Меѓународниот саем на книгата во Варшава, Полска, што ќе се одржи од 17 до 21 мај 2017 г., а организатор на претставувањето на македонската книжевност и издаваштво ќе биде Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје.
На Меѓународниот саем на книгата во Варшава, кој е еден од најголемите саеми во овој дел на Европа, оваа година ќе учествуваат околу 800 издавачи од 32 држави од 5 континенти. Освен многубројните издавачи од Полска, штандови на саемот ќе имаат издавачи и од САД, Русија, Кина, Германија, Франција, Шпанија, Велика Британија, Австралија, Индија, Јапонија, Кореја, Турција, Аргентина, Чиле, Перу, Данска, Белгија, Холандија, Швајцарија, Шведска, Чешка, Романија, Хрватска итн. Земја почесен гостин ќе биде Германија, а на саемот ќе се одржат голем број книжевни средби, трибини и дискусии на кои ќе учествуваат околу 1000 автори од различни држави, меѓу кои се и добитници на Нобеловата награда и на други врвни книжевни награди и признанија.
Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка со поддршка на Гете Институт Скопје и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, како домаќин, Ви ја најавуваат работилницата за Poetry Slam која ќе се оддржи на 28.04.2017 (петок) во Германската Читалница во Скопје.
Порака од проф. д-р Иван Џепароски, филозоф и поет по повод Светскиот ден на книгата и авторското право – УНЕСКО 23 април 2017
КНИГАТА, БИБЛИОТЕКАТА И МЕМОРИЈАТА
При отворањето на новоизградената Bibliotheca Alexandrina во прочуеното египетско пристаниште Александрија на 1 ноември 2003 година, италијанскиот естетичар, прочуениот „Павароти на семиотиката“, теоретичарот на културата и култниот автор на постмодернистичкиот книжевен бестселер „Името на розата“, славниот Умберто Еко (Umberto Eco), го одржал своето предавање под сигнификантен наслов: „Растителната и минералната меморија: иднината на книгите“.