Новости

 Имаме чест и задоволство да ве поканиме на промоцијата на новата стручна   книга Прирачник за универзална децимална класификација од Сенка Наумовска во издание на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје. Промоцијата ќе се одржи на 20 април (среда), со почеток во 12.00 часот во Центарот за конференции и студии при НУБ.

Книгата ќе ја промовираат д-р Иван К. Заров, директор на НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје и проф. д-р Димитар Пандев од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје.

 Втора работилница за литературен превод

МЕСТО: Германска читалница при НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје

ВРЕМЕ: 12-14 мај од 11:00 до 15:00 часот

РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ: 1 мај 2016 година

 Работилницата е организирана од страна на Здружението друштво за македонско-германско пријателство и соработка – Скопје во соработка со Германската читалница при НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје.

Пазар за размена на книги

Понеделник, 18 Април 2016 09:43

 Пазар за размена на книги

 Германска читалница

 25 април 2016, од 8 до 16 часот

По повод светскиот ден на книгата, 23 април, во Германската читалница при Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје можат да се разменуваат книги.

 Со задоволство ве информираме дека на штандот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, на Саемот на книгата, денес (18. април) во 13.00 часот ќе биде претставена новата поетска книга од Владимир Илиевски што излезе деновиве под насловот Брзината не убива. За книгата ќе зборуваат издавачот и литературен критичар Нове Цветановски и поетот, критичар и есеист Јовица Тасевски Етернијан. Авторот, Владимир Илиевски, ќе прочита избор од песните објавени во книгата.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846