Прес

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 33

Работилницата за Poetry Slam

Четврток, 27 Април 2017 15:06

Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка со поддршка на Гете Институт Скопје и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, како домаќин, Ви ја најавуваат работилницата за Poetry Slam која ќе се оддржи на 28.04.2017 (петок) во Германската Читалница во Скопје.

За таа цел од Германија ќе допатува авторот и уметник Тимо Брунке кој е еден од најпознатите слем поети во Германија. 

Poetry Slam инспирира многу луѓе ширум светот да го откријат сопствениот израз и да се пронајдат во сопствените зборови. Исто така, е и можност за давање нови идеи, споделување внимание и сослушување еден со друг.

Тимо Брунке заедно со уште неколкумина поети го започнаа Poetry Slam во Германија. Тој е слободен уметник и долги години го обликува Poetry Slam-от во Германија. До денес тој им помага на младите и на студентите и им го покажува патот до првиот свој текст и до првиот свој настап

Што треба да понесете: Едно пенкало, хартија, желба за креативно пишување и за ново и убаво искуство. Со оглед на тоа што целата работилница ќе биде водена на германски јазик предуслов е солидно познавање на германскиот јазик.

За пријавување и за подетални информации Ве молиме обратете се на мејловите: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Се радуваме на Вашиот интерес

 

                                

 

 

           

                                

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
kliment [at] nubsk.edu.mk
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846