Прес

Промоција на „Театарски согледби“

Понеделник, 21 Јануари 2013 09:24

Промоцијата на најновиот наслов на авторот Љубомир Груевски „Театарски согледби“, ќе се одржи во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски “ – Скопје, на 22 јануари (вторник) во 12:00 часот. „Театарски согледби“ e одраз на ентузијазмот на авторот и неговата долгогодишна љубов врзана за театарот и критичкото бележење на театарските случувања.

Љубомир Груевски е поет, театарски критичар и преведувач, автор на десетина наслови и добитник на повеќе меѓународни награди за поезија.

За книгата ќе говорат Ристо Стефановски, театролог и уредник на Театарски глас, Михаил Ренџов, писател, проф. Владимир Георгиевски, ликовен уметник и Владо Ѓорески-Рафик, сценограф и историчар на уметност.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846