Наградите ќе се доделат на 6.2. 2018 (12 часот) во просториите на новата галерија на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, каде воедно ќе биде презентиран и каталогот од селектираните дела.
Комисијата на изложбата, поради големиот број интересни уметнички концепти кои се различни во пристапот и реализацијата, одлучи НУБ да им додели три рамноправни откупни парични награди на:
- Игор Таневски
- Мирко Бојаџијевски
- Владан Петрушевиќ
и три рамноправни награди во избор на книги од Библиотеката на:
- Јана Јакимовска
- Ненад Тонкин
- Мето Ангелов
(Членови на комисијата: Владимир Јанчевски, историчар на уметноста – куратор на изложбата; Д-р Сафет Ахмети, историчар на уметноста; Ѓорѓе Јовановиќ, ликовен уметник; Искра Димитрова, НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје и
Марко Цуцуловски, НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје)