Новости

Поводот е 55 години од катастрофалниот земјотрес и обновата на градот. Со цел да се прикаже оваа несреќа, низ призмата на солидарноста, но и да се посведочи за културолошката визија на урбанистите, во холот на НУБ ќе бидат изложени:


- Оригинални фотографии

- Извадоци од урбанистичките елаборати

- Мапирање на културни објекти

Со „Ноќна романса за Кочо Рацин“ што ќе се одржи на 29 јуни, НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје ќе одбележи два заначајни јубилејни датуми на Кочо Рацин: 110 години од неговото раѓање и 75 години од неогвата смрт.

Љубителите на поезијата на Рацин, особено на љубовната поезија, ќе имаат исклучителна можност да ги видат сите зачувани картички кои Рацин ги испраќал до Раца искажувајќи ја својата младешка љубов, како и да слушнат дел од стиховите во изведба на актерот Дамјан Цветановски. Присутните ќе го проследат музичкиот перформанс на Васко Атанасоски (Bernays Propaganda) и документарниот филм „Бели мугри“.

Во оваа прилика се заблагодаруваме на колегите од Архивот на МАНУ кои ни ги позајмија оригиналните картички на Рацин, како и на Кинотека на Македонија, за копијата на филмот Бели мугри.

Перформансот ќе се одржи на платото пред НУБ, на 29 јуни (петок) во 20. часот. Ве очекуваме!!!

Во овој протстор корисниците ќе имаат најнова компјутерска технологија на користење и книги на слободен пристап од најновата светска продукција.

 

 

Во НУБ се одржува "Работилница за бизнис-планирање и рехабилитација на недвижни културни добра" во организација на Управата за заштита на културно наследство. Свое предавање ќе има Естела Радоњиќ Живков од Републичкиот завод за заштита на споменици од Белград.

30.05.2018 #КритичнаМаса го прослави својот 6ти роденден на платото пред НУБ, а во нашата галерија е поставена изложбата од сите 73 дизајни на оваа велосипедска иницијатива. #НаТочак

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846