×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 33

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје заедно со Националната и универзитетска библиотека од Загреб, организира Денови на хрватска книжевност во Македонија. Манифестацијата ќе се реализира на 20 и 21 ноември 2014 година, во просториите на НУБ - Скопје со следните активности: изложба на книги преведени од хрватски на македонски јазик во последните две децении, книжевна средба со тројца хрватски автори, трибина на тема „Современи македонско-хрватски книжевни релации и модели на пласман и афирмација на македонската и хрватската книжевност во други средини“, како и потпишување Договор за соработка меѓу двете библиотеки.

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) ја добија првата награда на конкурсот „КулТИП 2014“, организиран од Британскиот совет во соработка со Факултетот за информатички науки и комјутерско инженерство (ФИНКИ), за иновативни решенија и воведување на нови дигитални технологии во културните институции. Наградата беше доделена за заедничкиот проект на НУБ „Св. Климент Охридски“ и на МАСИТ - „Веб базиран аудио плеер за лица со посебни потреби“.

Понеделник, 29 Септември 2014 09:56

За буквите, сликовниците и библиотеките

Идеи и проекти за поддршка на читањето кај деца на училишна возраст

Работилница
27 и 28 октомври 2014 г.
Центар за конференции и студии во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје

Вторник, 16 Септември 2014 17:42

Светскиот пожар

На 19 септември (петок), во 12:00 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, ќе биде отворена изложба на фотографии и плакати од Русиja и од други држави (Австрија, Бугарија, Велика Британија, Германија, Италија, Србија, Унгарија и Франциja) кои ќе посведочат и ќе потсетат на настаните кои се случувале за време на одвивањето на Првата светска војна (1914-1918 г.).

Среда, 20 Август 2014 10:36

Активно лето за активна есен

По повод 20 години постоење Германска читалница

Облакодери од книги.

Галерија

Галерија фотографии

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846