Со задоволство Ве информираме дека во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, ќе се одржи книжевно претставување на Хрватското книжевно друштво од Риека, на 6 јули (понеделник) 2015 г. во 12:00 ч.
Во Берн, во зградата на швајцарскиот парламент, во организација на Швајцарската национална библиотека, на 18 и 19 мај се одржа 29-та Конференција на националните библиотеки од Европа - CENL (Conference of European National Libraries). Република Македонија беше претставена од директорот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, д-р Иван К. Заров.
Со задоволство Ве покануваме на свеченото отворање на изложбата„Унгарците го истражуваат Ориентот“, која ќе биде поставена во холот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Скопјe.
На 5 мај 2015 година, во 12.00 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, свечено ќе биде отворена изложбата „Победата над фашизмот. Како се постигна”.
Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и оваа година, традиционално, го одбележува 23 април - Светскиот ден на книгата и авторското право - УНЕСКО.
Повелете заедно да го прославиме Денот на книгата (четврток, 11:00 часот во НУБ).