×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 33

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” – Скопје и Македонски е-Библиотеки - МЕБ, со задоволство ве покануваат на презентацијата „EBSCO Publishing – новини, пристап и пребарување”

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје која за цел има заштита и претставување на културното богатсво од денес ја пушта во употреба новата преуредена страна „Средновековни словенски ракописи во Македонија“.

Американското катче продолжува со работа во модерно уреден простор. По кратка потрага за идеална локација, Катчето ќе функционира во новиот дел на Националната и универзитеска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје како партнерство меѓу Библиотеката, Амбасадата на САД во Скопје и Министерството за култура на Република Македонија.

Понеделник, 21 Јануари 2013 09:24

Промоција на „Театарски согледби“

Промоцијата на најновиот наслов на авторот Љубомир Груевски „Театарски согледби“, ќе се одржи во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски “ – Скопје, на 22 јануари (вторник) во 12:00 часот. „Театарски согледби“ e одраз на ентузијазмот на авторот и неговата долгогодишна љубов врзана за театарот и критичкото бележење на театарските случувања.

Љубомир Груевски е поет, театарски критичар и преведувач, автор на десетина наслови и добитник на повеќе меѓународни награди за поезија.

КНИГАТА – ДУХОВЕН ТРЕЗОР НА НАРОДИТЕ

Светскиот ден на книгата е еден од најубавите празници на човештвото, бидејќи книгата, иако не може, како што обично се вели, да го измени светот, таа со својата внатрешна светлина, со убавите пораки што ги содржи и што ги шири, го збогатува и го разубавува монотоното живеење на луѓето, давајќи му нова смисла и нов дух. Така, со сигурност можеме да кажеме, дека без книгата светот ќе беше многу посиромашен. Затоа и најголемото човечко откритие, по огнот, се смета  откритието на Гутенберг, или како што е наречено гутенберова галаксија. Тоа соѕвездие на книгата веќе го покрива целиот свет. Оттаму зрачат не само малите и големите животни истории на луѓето, не само страдањата, копнежите и идеалите на народите, туку и огромното јазично шаренило низ кое посебно, на својствен начин се изразува секој народ, секоја национална култура, што ја создава глобалната светска култура, да го парафразираме Гете, втемелувачот на големата идеја за единство на светот низ визијата на творештвото, а со богатството на националните различности и специфики.

Во таа разноликост и распространета галаксија на книгата, во таа глобална духовна географија, значајно место зазема и македонската книга.Ако пред сто и педесет години нашиот преродбеник Рајко Жинзифов, во својата страдалничка патетичност ќе ги испее стиховите : О, книги многубројни, што вие направивте за мојот народ… денешните македонски писатели се свесни дека нивните книги претставуваат  голема вредност во духовниот и национален подем на нашиот народ. За тоа сведочат и илјадниците изданија, како и големиот број преведени книги од светската  класика и од модерната белетристика на македонски јазик.За ова прашање, мудро проговори и Блаже Конески во својот есеј “Светскиот литературен процесс”, истакнувајќи го следново: “Почнат одамна, процесот на интеграцијата на пишуваната литература се одвиваше постепено низ вековите, прво во рамките на одделни доста изделени меѓу себе културни сфери, за да ги надмине нив и да се разгрне денеска во глобални размери”. Можеме да додадеме дека сето тоа се случи благодарение на книгата и на нејзиното распространување ширум светот.

За книгата се искажани пофални слова  од страна на многу значајни писатели и мислители.Во оваа пригода ќе го цитирам големиот кинески поет Лу Јуан, добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, кој во својата беседа во Света Софија во Охрид, рече: “Книгата отвора врати во цел свет, а ако влезе во вашиот дом, таа останува таму како најголем трезор, од каде што зрачи среќата на универзумот.”

Раде Силјан

Скопје, 23 април 2010 година
Република Македонија

Галерија

Галерија фотографии

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846