Во сабота, 1.3.2014 година од 12.00 до 15.00 часот, Германската читалница организира читателски клуб. Ве покануваме. Доколку сте повеќе, дотолку повесело и поинтересно ќе биде.

Објавено во Прес

Читателски клуб во Германската читалница

Понеделник, 03 Февруари 2014 16:15

Во сабота се одржа читателскиот клуб на Германската читалница. Присутните се одлучија за писателот со руско потекло Владимир Каминер, кој пишува на германски јазик, и неговата книга „Срдечни поздрави од Германија“, кратки раскази. Конверзацијата беше само на германски јазик и му благодариме на Адриан, ДААД - асистент, кој прифати да го води читателскиот клуб. На желба на присутните читателскиот клуб ќе се одржува секоја прва сабота во месецот од 11:00 до 15:00 часот. За сите оние што дојдоа малку подоцна, ве молиме да доаѓате точно во 11:00 часот. Се надеваме дека на следната средба ќе има поголема посетеност и ќе се дружиме и со оние кои имаа желба, но неможеа да присуствуваат на првата средба.

Објавено во Прес

Галерија

Галерија фотографии

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846