На 19 септември (петок), во 12:00 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, ќе биде отворена изложба на фотографии и плакати од Русиja и од други држави (Австрија, Бугарија, Велика Британија, Германија, Италија, Србија, Унгарија и Франциja) кои ќе посведочат и ќе потсетат на настаните кои се случувале за време на одвивањето на Првата светска војна (1914-1918 г.).
30 јуни - 10 јули 2012 г.
На изложбата ќе бидат поместени 30 фотографии од споменици лоцирани на просториите на поранешна Југославија (Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора).
Свечено отворање: 30 јуни 2012 г., (сабота), 18.00 часот.
Организатор: Форум Цивилен Мировен Сервис
Место: Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје
Влез слободен
Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски„ – Скопје на 16.02.2012 (четврток) ќе ја отвориме првата изложба оваа година. Тоа е патувачка меѓународна изложба на фотографии насловена „Агапит Печерскиј. За единство и другарство!“, која ја организираме во соработка со Здружението на руските сонародници „Чајка“ (Руска читалница) и невладината организација Лагода од Киев, Украина.
На оваа изложба со повеќе од 20 фотографии од фотографот Манфред Фолмер од Есен ќе ја запознаете метрополата Рур. Тоа претставува урбанизирана област што е позната по рударството и индустријата за производство на челик кои што секогаш одново се откриваат: недовршени, инспирирачки и изненадувачки. Метропола во настанок. Европскиот град на културата РУР.2010 претставува мотор на овој развој.
Изложбата иницирана од РУР.2010, која во годината на Европскиот град на културата патува во повеќе светски метрополи, доаѓа во Скопје во организација на Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка во партнерство со НУБ „Св. Климент Охридски“ – Германска читалница со поддршка на Гете-Институт Канцеларија за врски Скопје.