Група од педесетина библиотекари и професори од повеќе средни училишта од Загреб и Крапина, Хрватска, беше во еднодневна стручна посета на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје. Целта на посетата беше запознавање со стручните процески, системот и организираноста на работата на нашата библиотека, размена и споделување знаења.


Стручните и одговорни библиотекари од НУБ подготвија излагања и презентации, почнувајќи од набавката и комплетирањето на библиотечен материјал, новите законски промени во библиотечната дејност, доделување на ЦИП-записот за секоја новоиздадена публикација, работата на ИСБН и ИССН агенциите, базите податоци кои им се на достап на корисниците за нивните истражувања, програмата КОБИС, специјалните збирки... Голем интерес кај гостите предизвикаа неколкуте експонати, особено „Бели мугри“ од 1939 г. и ракописот „Животопис на Свети Влахо“ од 1861 г. од Радиловиќ (МС 29).

Објавено во Прес

 

Дигиталната библиотека на Македонија при НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје во периодот од 23.05 - 28.05 реализира посета на дигиталните библиотеки при Националната и универзитетска библиотека на Хрватска, Народната библотека на Србија и Универзитетската библиотека во Белград.

Објавено во Прес

   Со репрезентативна изложба на книги, преведени од македонски на хрватски јазик, авторско претставување на македонските писатели Блаже Миневски, Лидија Димковска и Владимир Илиевски, како и со богата  и содржајна дискусија на тркалезната маса посветена на преводот и преведувањето, односно можностите за збогатување на фондот на преведени дела од македонски на хрватски јазик и обратно, вчера во Загреб завршија Деновите на македонската книжевност во Хрватска.

Објавено во Прес

   Делегација од Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје предводена од директорот, д-р Иван К. Заров, ќе престојува во дводневна официјална посета (5 и 6 октомври 2015 г.) на Националната и универзитетска библиотека во Загреб, Хрватска при што директорот Заров ќе оствари работна средба со д-р Татијана Петриќ, новоименуваната директорка на Хрватската национална библиотека и ќе присуствува на манифестацијата Денови на македонската книжевност во Хрватска, која опфаќа  репрезантативна изложба на книги преведени од македонски на хрватски јазик во периодот од 1990 до 2015 г., со гостување и настап на тројца македонски писатели, и тркалезна маса посветена на преводот и преведувањето, како и на можностите за збогатување на фондот на  преведени дела од македонски на хрватски јазик и обратно.

Објавено во Прес

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846