Новости

Договори за соработка со Унгарија

Среда, 19 Септември 2012 00:00

На 17 и 18 септември, Миле Бошески, директорот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Република Македонија, со своите соработници ја посети Националната библиотека Сечењи и Националната библиотека за странска литература во Будимпешта, Унгарија и со директорите на овие библиотеки потпиша Договори за соработка. Тоа подразбира проширување на меѓусебната соработка преку размена на стручен кадар од областа на библитекарството и информациските науки и размена на искуства, учество во меѓународни проекти и организирање културни манифестации за приближување и запознавање на културите на двата народа. Македонската Национална библиотека на двете библиотеки им подари по еден комплет од „130 тома македонска книжевност“.

Големо задоволство ни е да Ве поканиме на заедничкото чествување на празникот посветен на нашиот патрон Свети Климент Охридски и на врачувањето на традиционалните јубилејни награди, како скромен знак на почит за долгогодишното споделување на пријатните моменти при работата во нашата Библиотека. На средбата ќе учествуваат: проф. д-р Јелена Лужина, Илинденка Петрушева, проф.д-р. Сашо Коруновски, доц. д-р Тони Филипоски, д-р Тихомир Стојановски и проф. д-р Марија Чичева – Алексиќ.

Имаме задоволство да Ве поканиме на свеченото отворање на изложбата насловена СРПСКАТА КНИЖЕВНОСТ ВО ПРЕВОД НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК и на трибината Преводот и преведувањето - состојби и перспективи, што ги организираме во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Скопје на 6 декември 2012 г., со почеток во 11.00 ч.

 БЕНЧЕВСКО ЧЕТВОРОЕВАНГЕЛИЕ СО МИНИЈАТУРИ, почеток на  XVI век, Национална и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Скопје, НУБ  Мс.167 Ексклузивна изложба на оригинални ракописни книги во Кралскиот музеј Мариемон (Musée royal de Mariemont) Изложбата содржи 39 ракописни книги од Македонија, од кои 31 од археографската збирка на Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Скопје, како и од Државниот архив на Р.Македонија, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј во Охрид и во Битола, и од Историскиот архив во Охрид.

Оваа изложба е заеднички проект помеѓу Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Скопје, Кралскиот музеј Мариемон, Католичкиот универзитет во Лувен, Амбасадата на Р.Македонија во Брисел и Валонија Брисел Интернационал. Изложбата која се реализира во рамките на билатералната соработка помеѓу Македонија и Федерацијата Валонија Брисел е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија и од белгиската страна. 

Страница 51 од 51

Галерија

Галерија фотографии

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846