Прес

Д-р Силвана Балнат студирала во Скопје и Потсдам и во 2011 година ја одбранила нејзината докторска дисертација за термините „искуство“ и „јазик“ во делото на Ханс-Георг Гадамер. Фокус на нејзината работа е херменевтиката како фундаментална филозофија на јазикот, која се смета и за централна германска научна традиција.

Објавено во Прес

Поврзани отворени податоци

Петок, 25 Април 2014 16:54

Би сакале да ја споделиме со вас информацијата за активностите што ги презема Европската библиотека (www.theeuropeanlibrary.com) со цел да ги промовира новините во библиотеките низ Европа во врска со Поврзани отворени податоци (Linked Open Data - LOD).

Објавено во Прес

Традиционално и со повеќе активности Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје ќе го одбележи 23 април - Светскиот ден на книгата и авторското право.

Повелете заедно да го прославиме Денот на книгата (среда, 12.00 часот во НУБ).

Објавено во Прес

Во Промотивниот центар на Саемот на книгата, на 11-ти април 2014 г. (петок), во 11 часот, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, организира „Средба со наградени македонски автори - добитници на меѓународни награди и признанија“.

Објавено во Прес

Во организација на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје , на 9-ти април 2014 г. (среда), во 11 часот, во Промотивниот центар на Саемот на книгата, ќе се одржи ексклузивниот книжевен настан: „Средба со наградени автори - добитници на најзначајните книжевни награди во Република Македонија “.

Објавено во Прес

Галерија

Галерија фотографии

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846