Темата:
Како може да го прекинеме насилството врз и помеѓу децата (#ENDViolence)?
Специфични предизвици:
* Како може да креираме систем за поддршка, платформа или да ги поврземе ги поврземе инспиративните личности од нашето опкружување, со цел жртвите да можат полесно да пријавуваат и бараат помош од професионалците и врсниците?
* Како може да го намалиме булингот, булингот преку интернет и насилството помеѓу младите луѓе во и околу школите вклучувајќи ги и јавните површини и јавниот транспорт?
* Како да ја промениме перцепцијата и однесувањето помеѓу повозрасните за позначајно вклучување на адолесцентите и младите луѓе во нивните заедници?
Искористете ја шансата да преземете акција!
Временска рамка:
* Повикот беше објавен на 24ти Септември во Генералното Собрание на ОН
* Рок за аплицирање 29.10.2018
* Информативна сесија - 10.10.2018
* Пред-работилници - 05.11.2018 и 09.11.2018
* 3 дневна работилница за ко-креирање (Bootcamp) - 16, 17 и 18.11.2018
* Менторски сесии ќе се одржат во период од 25.11 до 15.02.2018
* Глобален натпревар - Февруари 2019
* Најдобрите тимови на глобално ниво ќе бидат објавени во Април 2019
ЗА GENERATION UNLIMITED:
Generation Unlimited (GU) глобално партнерство чија цел е да обезбеди дека секој млад човек е во образование, учење, тренинг или вработување до 2030.
ЗА МЛАДИНСКИОТ ПРЕДИЗВИК GENERATION UNLIMITED:
Младинскиот предизвик има за цел да ја ослободи креативноста и идеите на младите луѓе низ светот. Станува збор за инклузивен дизајнерски процес кој ве повикува вас младите активно да се вклучите како “решавачи” и да дизајнирате решенија за да го прекинеме насилството врз и помеѓу децата (#ENDViolence)
Ова е првиот Младински Предизвик кој ќе се одвива во 16 земји низ светот. Најдобрите или најветувачките решенија од секоја земја ќе добијат финансирање и менторство, а топ 5те решенија на глобално ниво ќе добијат дополнително финансирање и специфично дизајнирана поддршка од партнерите на Generation Unlimited
Повеќе информации може да прочитате на: genunlimited.mk