Прес

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 33

EBSCO Publishing – новини, пристап и пребарување

Среда, 26 Март 2014 14:09

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” – Скопје и Македонските електронски библиотеки – МЕБ (http://w3.nubsk.edu.mk), по повод престојот на г. Драган Николиќ во Република Македонија, претставник на EBSCO за југоисточна Европа (http://www.ebsco.com), организираат предавање „EBSCO Publishing – новини, пристап и пребарување”. Покрај наведените теми, во текот на предавањето, ќе биде промовиран најновиот производ на EBSCO Publishing – електронските книги (Е-BOOKS).

Предавањето ќе се одржи на 27.3.2014 год. (четврток), 12.00 часот во Центарот за конференции и студии на НУБ „Св. Климент Охридски” – Скопје.

ПРОГРАМА:

12:00 – 12:10 Македонски е-Библиотеки, ЕIFL и EBSCO: м-р. Миодраг Дадасовиќ, Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” - Скопје/МEБ
12:10 – 12:40 EBSCO Publishing новини: г-дин Драган Николиќ, EBSCO Publishing
12:40 – 13:20 Пристап и пребарување на EBSCO базите: г-дин Драган Николиќ, EBSCO Publishing

Галерија

Галерија фотографии

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846