Прес

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 33

Република Македонија на Саемот на книгата во Баку, Азејберџан

Понеделник, 03 Октомври 2011 00:00

Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ Скопје, од 28-30 Септември 2011 год. во Баку, Република Азербејџан,  учествуваше на Вториот Интернационален Саем на книга, организиран по повод дваесетгодишнината од возобновувањето на независноста на Република Азербејџан. На овој саем, кој беше организиран од Министерството за култура и туризам на Р. Азербејџан, освен домашните и странските издавачки куќи, посебно место имаа штандовите на Националните библиотеки од Турција, Русија, Унгарија, Словачка, Белорусија, Латвија, Молдавија, Казахстан и Македонија, кои имаа можност да ја претстават националната книжна продукција.

На овој саем, Националната и униврзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ Скопје, претстави дела од проектите „130 тома македонска книжевност“, „130 тома македонска книжевност на англиски јазик“, „Преводот на литературни дела на добитници на Нобелова награда за литература“, но и дела од реномирани и млади македонски автори. Беше искористена и можноста за презентација на културните и природните богатства на Република Македонија и продлабочување на културните релации помеѓу двата пријателски народи.

Галерија

Галерија фотографии

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846