Изложби

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 33

Победата над фашизмот : Како се постигна

Понеделник, 04 Мај 2015 14:22

На 5 мај 2015 година, во 12.00 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, свечено ќе биде отворена изложбата „Победата над фашизмот. Како се постигна”.

Со задоволство ве покануваме на отворањето, на кое ќе се обратат Н.Е.г. Олег Шчербак, амбасадор на Руската Федерација во Р. Македонија и д-р Иван К. Заров, директор на НУБ. Изложбата ја прикажува стравотната слика на геноцидот во СССР и на окупираните територии во европските земји, вклучувајќи го и Холокаустот. Покрај тоа, ќе бидат претставени материјали за ослободувањето на европските земји од советските војници. Изложбата ќе може да ја посетите од 5 до 12 мај 2015.

Изложбата ја организира Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија во соработка со Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски”, a истата е во рамките на низата свечености планирани од страна на Амбасадата по повод 70-годишнината од Победата во Големата Татковинска војна.

Поврзани вести

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846