Ретка периодика

Насловна страна од списанието Илустрација Илинден

Ретка периодика

Дејност

Збирката Ретка периодика содржи пред се весници и списанија кои го следат во чекор развојот на македонската национална мисла и претставувале медиум каде што таа се изразувала. Дел од насловите се некомплетни но сепак тие се мошне интересен и значаен фонд што интензивно се користи од многубројни корисници, во прв ред научни работници , како домашни така и странски. Иако поголемиот број од насловите се на туѓи јазици и излегувале во други земји, значењето на овој фонд е неспорно затоашто претставува изворен материјал за проучување на историјата на македонскиот народ(култура, традиција и сл.)

Фонд

Збирката се состои од 218 наслови периодични публикации од кои 196 се однесуваат и третираат прашања сврзани со историјата и културата во Македонија а останатите се значајни заради староста на годината на излегување и тоа дека се од места од нашето окружување. Како позначајни наслови би ги издвоиле весникот „Револуциа“ (1895) издаван од В.Главинов, „Лоза“ (1892-1894), „Македонски голос“ (1913-1914), „Македонски вести“ (1935-1936), „Македонска земја“ (1936) и др.

Каталози

Сите наслови од Збирката се внесени во COBISS базата а во читалната постои картотека со каталожни картончиња со можност за класично пребарување. Истотака постои и Централен каталог на ретка периодика во Р. Македонија.

Користење

Фондот од Збирката се користи исклучиво во специјализираната читална во присуство на одговорното лице.

Работно време

вторник, среда и петок од 9:00-15:00, пауза од 11.00-12.00 часот

Одговорно лице

м-р Марина Мијаковска
тел. 3115-177 лок.139

 

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846