Функции и задачи

Функции и задачи

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ го собира, обработува, штити и чува македонското културно наследство за идните генерации. Со градење и развој на националниот библиотечно-информациски систем, дигитализација на културното наследство од сопствените збирки, и со изработување на национална библиографија, обезбедува пристап in situ и од далечина, пред се за оние што се занимаваат со научноистражувачка работа, но и за сите кои се стремат кон збогатување на сопственото знаење и свестран личен развој.

Библиотеката дава поддршка и обезбедува извори на информации и услуги на високото образование, научноистражувачката дејност и процесот на целоживотно учење. Самостојно или во соработка со други домашни и странски библиотеки и информациски центри, на своите корисници им обезбедува квалитетни реферални и библиографски услуги, пристап до странски бази и банки на податоци, се со цел да ги задоволи нивните потреби во образованието, научноистражувачката дејност, културата и социјалниот живот.

Со континуирана едукација на библиотечниот кадар, следење на современите библиотечни и информациски текови и активно учество во случувањата од областа на библиотекарството на меѓународно ниво, го унапредува и развива библиотекарството и информациските науки на национално ниво.

Контакт

 
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 6, пошт. фах 566
Скопје
Република Македонија
 
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 
+389 2 3115 177
 
+389 2 3226 846