Menu Close

За корисници

Што треба да знаете и да направите за да ги користите фондовите и услугите на Библиотеката

Корисниците на библиотеката можат да добијат општи информации за:

  • историјата, статусот и функциите на Библиотеката;
  • видовите услуги што ги дава Библиотеката и условите за нивно користење;
  • изворите на информации со кои располага Библиотеката;
  • содржината и организацијата на библиотечниот фонд и условите според кои се користи тој;
  • организацијата на библиотечната мрежа во државата.

Овој вид информации се достапни и за сите заинтересирани граѓани, за што се издава привремена карта Посетител, но и за групи корисници по претходно доставено барање.

Централна информациска служба 
телефон:   02 3115177 лок.145
Е – адреса: informacii@nubsk.edu.mk
Работно време: од понеделник до петок од 7:30 до 19:30 часот,
      сабота од 9:30 до 17:00 часот
      јули и август од понеделник до сабота од 7:30 до 14:30 часот

 

Услуги за корисници – членови

Упатувања за самостојно користење на изворите на информации

Корисниците – членови на Библиотеката, на усно барање можат да добијат упатување за самостојно користење на:

  • каталозите со каталожни картончиња (к.к.);
  • електронскиот каталог на Библиотеката COBISS + ;
  • заемниот електронски каталог на библиотеките во РСМ;
  • други извори на информации со кои располага Библиотеката.

Обука за самостојно користење на изворите на информации се врши и за групи ученици од средните училишта, студенти од универзитетите и други заинтересирани граѓани во рамките на Програмите за обука на корисници.

Централна информациска служба 
телефон:  02 3115177 лок.145
Е – адреса: informacii@nubsk.edu.mk
Работно време: од понеделник до петок од 7:30 до 19:30 часот, 
        сабота од 9:30 до 17:00 часот
                      јули и август од понеделник до сабота од 7:30 до 14:30 часот

 

Тематски пребарувања/истражувања на информации од фондовите на Библиотеката

Корисниците – членови на Библиотеката врз основа на писмено барање, можат да побараат тематско истражување на информации од различни научни и стручни области.

Во писменото барање, покрај податоците за корисникот се наведуваат:

  • областа и темата за која се бараат информациите;
  • клучните зборови (на македонски и англиски јазик) со кои се одредува темата;
  • изворите од каде што се бараат информациите (само од фондот на Библиотеката);
  • ограничувања во однос на јазикот, временскиот период, видот на документи кои се бараат и др.;
  • начинот и медиумот на кој корисникот ги бара информациите;
  • оценка на корисникот за релевантноста на добиените податоци (вреднување на пребарувањето).

Tематските истражувања на информациите од фондот на Библиотеката се вршат со пребарување на каталозите, а резултатите од пребарувањето корисникот може да ги добие усно или како список на литература (во печатена или електронска форма).

Тематски истражувања на информации од фондот на Библиотеката, можат да добијат и други корисници на Библиотеката, но за тоа плаќаат надоместок според Ценовникот.

Централна информациска служба 
телефон: 02 3115177 лок.145 
Е – адреса: informacii@nubsk.edu.mk
Работно време: од понеделник до петок од 7:30 до 19:30 часот, 
                 сабота од 9:30 до 17:00 часот
                 јули и август од понеделник до сабота од 7:30 до 14:30 часот

Тематските истражувања на информации/документи што не ги поседува фондот на Библиотеката  – Реферален центар

Реферални информации – Реферален центар

Тематските истражувања на информации/документи што не ги поседува фондот на Библиотеката се вршат со пребарување на:

  • онлајн бази на податоци од меѓународни информациски сервиси  и/или
  • офлајн бази на податоци на ЦД-ром со кои располага Библиотеката. 
Тематските истражувања на информации се вршат по претходно барање на корисникот со дефинирани елементи на истражување.
Резултатите од овие пребарувања се добиваат во печатена или електронска форма.
Корисникот-член на Библиотеката, на негово барање, може да добие реферални информации за изворите на научни и технолошки информации во РС Македонија и тоа за:
  • база на податоци за индивидуални извори на научни информации – ЕКРИС.MK (ECRIS.МК) (научни работници, истражувачи, стручни лица);
  • база на податоци за колективни извори на научни информации – ЕКРИС.MK (научноистражувачки организации, истражувачко-развојни единици, специјализирани библиотеки и ИНДОК-центри и сл.);
  • база на податоци за научноистражувачки проекти – ЕКРИС.MK;
  • меѓународна база на податоци од области кои покриваат употреба на нуклеарна енергија во мирновременски услови – ИНИС на ИАЕА (INIS на IAEA). 

Овој вид информации се добиваат врз основа на пребарувања во рефералните бази на податоци што се ажурираат во Рефералниот центар, прегледи на соодветните бази, КОБИСС+ (COBISS+) и репозиториумот ИНИС.

Тематски истражувања на информации што не ги поседува фондот на Библиотеката, можат да добијат и други корисници на Библиотеката, но за тоа плаќаат надоместок според Ценовникот (види член 53).

Работно време:

Од понеделник до петок во периодот од 8.00 до 16.00 часот.

Одговорно лице за ДОИ (DOI): Маја Јовановска, тел.: 3115177, лок. 107, е-пошта: medzaj@nubsk.edu.mk 

Одговорно лице за ИСБН и ИССН (ISBN и ISSN): Оља Стојкова тел: (02) 3115-177, лок. 137

e-mail: olja@nubsk.edu.mk

Одговорно лице за ЕКРИС (ECRIS): Василка Христовска тел: (02) 3115-177, лок. 107

e-mail: vasilka@nubsk.edu.mk ; ecris@nubsk.edu.mk 

Одговорно лице за ИНИС (INIS): Пандорка Стоименовска тел: (02) 3115-177, лок. 134

e-mail: pandorka@nubsk.edu.mk 

Одговорни лица за ЕБСКО (EBSCO): Оља Стојкова, Маја Јовановска и Василка Христовска тел: (02) 3115-177, лок. 137, лок. 107 и лок. 134
e-mail: olja@nubsk.edu.mk ; medzaj@nubsk.edu.mk ; pandorka@nubsk.edu.mk
 

Користењето на услугите на Библиотеката може да биде индивидуално и колективно.

Индивидуален корисник – член може да биде секој граѓанин на Р. Македонија што навршил 16 години.

Статус индивидуален корисник-член се стекнува со:

Напомена: Изјавата за малолетните лица ја пополнува родителот/старателот.

Лицата со попреченост/лица со посебни потреби можат да бидат индивидуални корисници-членови со пополнување на формулар и доставување на документ со кој се потврдува видот на попреченоста, без паричен надоместок.

Индивидуален корисник-член на Библиотеката може да биде и странски државјанин со поднесување писмено барање, под исти услови како и државјаните на Р. Македонија.

Колективен корисник-член може да биде секое правно лице од Р. Македонија со поднесување на писмено барање и со плаќање кориснички надоместок согласно со Ценовникот.

Научните работници и истражувачите (докторанти, магистранти, универзитетски наставници и соработници) можат да побараат посебна членска карта, за која се плаќа надоместок соодветно со Ценовникот.

Членската карта е со важност од еден ден, една недела, еден месец или една година.

Пулт за регистрација на корисници 
телефон: 02 3115177 лок.154
Е – адреса:  nubzajmuvanje@nubsk.edu.mk
Работно време: од понеделник до петок од 7:30 до 19:30 часот, 
                 сабота од 9:30 до 17:00 часот
                 јули и август од понеделник до сабота од 7:30 до 14:30 часот

 

Корисниците-членови можат да го користат севкупниот библиотечен материјал од општиот фонд, посебните фондови – збирките, Универзитетската читалница, Читалницата за сериски публикации и од Центарот за слепи и слабовидни лица.

Библиотечниот материјал се користи само во просториите на Библиотеката и тоа во: општите читалници, индивидуалните читалници, Универзитетската читалница, Читалницата за сериски публикации, читалниците на посебните фондови – Збирките и Центарот за слепи и слабовидни лица.

Одредени библиотечни материјали од Центарот за слепи и слабовидни лица, корисниците-членови можат да ги користат надвор од Библиотеката.

Движното културно наследство од фондот на Библиотеката се користи во репрографска (микрофилм – позитив и негатив) или дигитална копија во читалниците на посебните фондови – збирките во присуство на одговорниот библиотекар. Во исклучителни случаи добрата можат да се користат и во оригинална форма со посебно одобрување и пополнување на барање.

Задолжителниот (архивски) примерок од публикациите се користи само во исклучителни случаи во читалниците на соодветната збирка со поднесување на писмено барање, во присуство на одговорниот библиотекар.

Барањето за користење на библиотечниот фонд (задолжение) корисниците-членови, го доставуваат на Централниот пулт за зајмување на библиотечен материјал, збирките, Универзитетската читалница и Центарот за слепи и слабовидни лица. За секоја публикација се пополнува посебно задолжение и корисникот-член има право едновремено да користи до пет публикации.

Пулт за зајмување на библиотечен материјал 
телефон:  3115177 лок.154 
Е – адреса: nubzajmuvanje@nubsk.edu.mk
Работно време: од понеделник до петок, од 7:30 до 19:30 часот, 
                           сабота од 9:30 до 17:00 часот
                           јули и август од понеделник до сабота од 7.30 до 14.30 часот

Посебни фондови – збирки
телефон: 02 3115177 / лок.124
E –адреса: zbirki@nubsk.edu.mk
Работно време: вторник, среда и петок од 9:00 до 15:00 часот. 

Центар за слепи и слабовидни лица
Телефон: 075 443037 
Е-адреса: zorica@nubsk.edu.mk
Работно време: од понеделник до петок од 8:00 до 15:30 часот. 

 

Меѓубиблиотечната позајмица претставува библиотечна активност која овозможува користење на документи од други библиотеки. Библиотеката врши меѓубиблиотечно зајмување на библиотечен материјал од:

  • своите фондови на барање на библиотеки од земјата и странство
  • фондовите на библиотеките во земјата и странство за потребите на своите членови

Во службата за меѓубиблиотечно зајмување корисникот поднесува барање за нарачка со точни и читливо наведени библиографски податоци за идентификација на документот (автор, наслов на публикацијата, година на издавање, место на издавање, ИСБН-број доколку се работи за книга, или автор, наслов на статијата, списание, том, број, година на издавање, страници и ИССН-број доколку се работи за статија во списание). Писменото барање, кое се смета за официјален документ, се доставува: лично, по факс или по е-пошта на посочената адреса.

Со меѓубиблиотечно зајмување не можат да се позајмат следниве видови документи: цели списанија, весници и зборници; библиотечни материјали од посебните фондови: речници, енциклопедии, албуми, докторски и магистерски трудови, книги и списанија од збирката за ретки и старопечатени материјали, компакт дискови, факултетски учебници; книги што содржат значајни прилози (карти, табели, нотен материјал, репродукции, други додатоци со пагинација), библиофилски изданија, публикации со многу голем, односно мал формат.

Трошоците за добиените документи ги плаќа корисникот на услугата, според Ценовник.

Работно време:
понеделник – петок 8:00-16:00

Одговорнo лицe:
Маја Јовановска
тел.: 3 115 177 лок.: 107
факс: +389 2 3 226-846
е-пошта: medzaj@nubsk.edu.mk